1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност ќе расправа за ситуацијата во Мали

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) се закани со воена интервенција и воведе санкции против воената хунта што ја презеде власта во Мали.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска (03.04) ќе одржи вонредна седница на барање на Франција, на која ќе се разговара за кризата во Мали.

Советот се очекува да усвои декларација за состојбата во Мали, при што се очекува да се осуди воениот удар во земјата и да се повика актуелната власт веднаш да го воспостават уставниот поредок во земјата. На 22 март, со воен удар беше соборен претседателот Амаду Тумани Туре.

Предводниците на превратот го образложија својот чекор со неспособноста на власта да се справи со бунтот на Туарезите и исламските групи на северот од земјата .

Бунтовниците во меѓувреме зазедоа три града во северниот дел на Мали - Кидал, Гао и Тимбукту, без отпор од недоволно опремената војска на Мали.

Senegal Dakar ECOWAS Gipfel Ouattara

Аласан Уатара на средбата на ЕКОВАС

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) вчера воведе остри финансиски санкции против воените власти во Бамако, откако не го испочитуваа рокот од 72 часа, кој им го даде ЕКОВАС за целосно воспоставување на уставниот поредок.

Земјите од ЕКОВАС одржаа итен состанок во главниот град на Сенегал, Дакар. По тричасовните разговори, претседавачот на ЕКОВАС, претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, изјави дека санкции итно стапуваат во сила.

Мерките вклучуваат затворање на границите на Мали и замрзнување на националните сметки во регионалната централна банка. Се очекува санкциите да ја задушат економијата на мошне сиромашната држава, која нема излез на море.