1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност ја повика Сирија да се држи до договореното

Во заедничка изјава, 15-те земји членки на Советот за безбедност изразуваат голема загриженост поради тоа што сириските трупи не се повлекуваат од населените места.

default

Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН го повика сирискиот претседател Башар ал-Асад да се држи до договорениот прекин на огнот. Повик да прекине со насилство е упатен и до опозицијата во Сирија.

Гледај видео 00:57

Во Сирија борби наместо примирје (видео на германски јазик)

Во изјавата на највисокото тело на ОН се вели дека опозицијата не треба да му дава причини на Асад за тој да го погази ветеното. Вчера наутро почна да тече 48-часовниот рок за спроведување на договорениот прекин на огнот во Сирија, но борбите во земјата и натаму продолжуваат. Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан во писмо до Советот за безбедност апелираше да придонесе за неговиот план од шест точки да не пропадне. „Нема време за губење. Сите ние мораме да вршиме притисок за ставање крај на крвопролевањето, пред Сирија да падне во бездна“, вели Анан во писмото.

Денеска (11.04) за ситуацијата во Сирија треба да разговараат и шефовите на дипломатии на САД и на Русија, Хилари Клинтон и Сергеј Лавров. Средбата ќе се одржи во Вашингтон.

Аудио и видео прилози на оваа тема