1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност утре расправа за Косово

Извештајот за Косово, во кој генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун предупредува дека напнатоста и натаму го загрозува мирот и стабилноста во Косово и регионот, утре ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН.

Извештајот е редовен – квартален на мисијата УМНИК за ситуацијата во Косово. Генералниот секретар на ОН во извештајот наведува дека во периодот од февруари до мај 2012-та година е зголемен бројот на кривични дела насочени против етнички малцинства на Косово, споредено со истиот период минатата година.

Generalsekräter Ban Ki Moon UN in Jakarta Portrait

Бан Ки Мун изразува загриженост за состојбата во Косово

„Се надевам дека позитивниот тек на дијалогот, напредокот кон европските интеграции и нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград ќе продолжат да се зацврстуваат, а тензиите и судирите постепено ќе се смалуваат“, забележува Бан Ки Мун во извештајот, кој го опфаќа периодот од 16-ти јануари до 15-ти април.

Во него се забележува дека прашањето за српските избори го привлече вниманието, на како што стои, нерешените прашања и тензии.

„Неоправданите апсења, пасивноста на нетолеранцијата и воинствената јавна реторика неизбежно води кон дополнителни тензии и насилства“, предупредува генералниот секретар на ОН.

Отпор за заштита на српското културно наследство

Karte von Kosovo topographisch

Извештајот пред Советот за безбедност на ОН е редовен извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун

Тој укажува дека ситуацијата на северот од Косово и натаму е крајно чувствителна на секој политички развој на односите меѓу Приштина и Белград. Бан Ки Мун изразува загриженост поради негативниот тренд во процесот на враќање на Косово и повторно повика на јакнење на политичката волја за враќањето на бегалците.

Бан Ки Мун изразува и жалење поради отпорот на мерките за заштита на српските културни и верски објекти на Косово и ги повикува косовските власти да ги удвојат напорите за да биде премостен јазот меѓу обврските и нивната примена.

Кон извештајот на Бан Ки Мун е додаден и анекс извештај на шефот на ЕУЛЕКС Гзавиј Бу де Марнак, во кој се наведува дека мисијата на ЕУ продолжува да го помага спроведувањето на институционалните реформи, како и дека е постигнат напредок во повеќе судења. Во него се наведува и дека е продолжена истрагата за наводите од извештаите на Дик Марти од Советот на Европа, а кои се однесуваат на трговијата со органи на Косово.