1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Советот за безбедност не успеа да постигне согласност за резолуцијата за Сомалија

На повидок нова криза на Рогот на Африка. Ситуацијата во Сомалија драстично се компликува по интервенцијата на етиопските оружени сили во оваа земја во, како што се вели, одбрана на преодната влада.

Етиопските војници влегоа во Сомалија

Етиопските војници влегоа во Сомалија

Советот за безбедност на итно свикана седница во Њујорк синоќа не успеа да се согласи со апел за примирје во оваа земја. По неколкучасовна дебата, седницата е одложена. Во предлог-резолуцијата што ја подготви Катар, се бара итно повлекување на сите странски трупи од Сомалија, пред се на етиопските. Вонредната седница на советот беше свикана откако Етиопија се вмеша во граѓанската војна во Сомалија. Цел на владата во Адис Абеба, како што се вели, е да се поддржи слабата сомалиска преодна влада и да се спречи преземањето на власта од страна на муслиманските милиции. Поддршката на Етиопија ја охрабри и преодната влада чиј министер за надворешни работи Исмаил Хуре Буба изјави:

“Намера на преодната влада е да ги протера исламистичките милиции од сите региони. Сега се концентрираме врз глацвниот град Могадишу“.

Етиопскиот премиер Мелес Зенави во Адис Абеба изјави дека по настапот на армијата на неговата земја, исламистички сили се заслабени и се повлекуваат. Според него, целиот централен дел на Сомалија сега бил ослободен од , како што ги нарече терористичките трупи.