1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот исток

Ескалацијата на Блискиот исток вчера се најде на дневниот ред на Советот за безбедност на ОН, при што уште еднаш се слушнаа аргументите на израелскиот и палестинскиот претставник.

Седница на Советот за безбедност на ОН

Седница на Советот за безбедност на ОН

Грабнувачите на израелскиот војник поставија услови за негово ослободување. Израел мора да ослободи 1.000 затвореници од арапско потекло и да ја прекине воената операција што ја започна во понеделникот, бараат палестинските екстремисти. Портпарол на израелското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли сите можности за преговори со грабнувачите.

Ескалацијата на Блискиот исток вчера се најде на дневниот ред на Советот за безбедност на ОН, при што уште еднаш се слушнаа аргументите на израелскиот и палестинскиот претставник.

Израелскиот амбасадор Даниел Кармон, посочи дека неговата земја е загрозена од напади со ракети и од терористи. Тој изрази разочарување што историското повлекување на еврејските наслеби од Појасот Газа не вродило со очекуваните плодови:

„Одговорот беше обнова на израелските стравувања од зголемување на терористичките напади. Газа сега стана база за терористите.„

Кармон побара итно пуштање на слобода на грабнатиот израелски војник, во што го поддржаа и сите членки на Советот за безбедност.

Претставникот на палестинската власт Ријад Мансур пак излезе со поинаква оцена на настаните:

„Сеопфатноста и големината на сегашниот напад покажува дека неверојатната воена агресија против палестинското население била од напред планирана„.

Според Мансур станува збор за обид на Израел да ги уништи структурите на палестинската автономна власт.

На крајот од седницата Советот за безбедност упати апел до обете страни во конфликтот за воздржување со што ќе придонесат за спречување на натамошна екслација. Советот не се ни обиде да донесе некаква декларација, бидејќи американскиот амбасадор Џон Болтон најави вето на светската супер сила – како и многу пати до сега!