Советот за безбедност засега останува на зборови | Свет | DW | 06.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност засега останува на зборови

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун, во говор во ОН остро ги критикуваше воените властодршци во Мијанмар.Изјавата на Бан следуваше по разговорот со специјалниот пратеник на ОН, Ибрахим Гамбари, кој беше во Мијанмар.

default

Советот за безбедност на ОН

Будистичките монаси седеа на местата за посетители во Советот за безбедност на ОН и го слушаа извештајот на специјалниот пратеник за неговата посета на Мијанмар. Ситуацијата и натаму е напната, има апсења и блокирани храмови. Но, на улиците на Рангун можат да се видат малку војници, полицискиот час е олабавен. Ова се впечатоците на Ибрахим Гамбари, кој во Њујорк нагласи дека светот мора прецизно да ја набљудува ситуацијата во Мијанмар: ”Светот веќе не е како пред 20 години. Ниту една земја не може да дејствува независно од меѓународните стандарди. Затоа одговорните во Бурма мора да сфатат дека она што се случува во нивната земја ќе има голем ефект во целиот свет.”

Во извештајот составен дипломатски воздржано, Гамбари потенцира дека е неопходен натамошен дијалог. Амбасадорот на Велика Британија, Џон Соуерс, имаше појасни зборови. Тој го осуди задушувањето на протестите во Мијанмар и побара од неговите колеги да дејствуваат заеднички: ”Советот за безбедност треба и натаму активно да се занимава со темата. Би била потребна изјава на претседателството на Советот за безбедност која би го отсликувала едногласното мислење на Советот."

Сепак, Соуерс не сакаше да говори за резолуција или санкции. Кина и Русија уште пред седницата на Советот ставија до знаење дека нема да дадат поддршка за такво нешто. Настаните во Мијанмар се внатрешен проблем и не се закана за меѓународниот мир и безбедност, па Советот за безбедност не е надлежен, сметаат тие. Претставникот на Кина во Советот за безбедност рече дека санкции или мешање однадвор само уште повеќе би ја влошило ситуацијата на луѓето во таа земја.

Американскиот амбасадор Калилзад нема долго да чека доколку ситуацијата во Мијанмар не се подобри: ”САД се подготвени да донесат резолуција која ви опфаќала санкции. Мора да размислиме за мерки како што се ембарго за оружје за да го натераме воениот режим на соработка. Време е Советот за безбедност да направи нешто повеќе од тоа само да слуша извештаи. ”

Додека советувањата во Советот за безбедност и натаму траат, се‘ укажува на тоа, дека засега ќе се остане само на зборови. Кина и Русија кои имаат право на вето не дозволуваат да се дејствува.