1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност едногласен за Сирија

Советот за безбедност на ОН едногласно одлучи да го испрати првиот тим набљудувачи во Сирија, кои треба да го надгледуваат спроведувањето на примирјето. Сириската опозиција информира дека насилствата продолжуваат.

Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН е прв заеднички фронт на 15-те земји членки против насилството што изби пред 13 месеци. Со резолуцијата се повикува веднаш да се испратат 30 набљудувачи, на кои подоцна би им се приклучил контингент од 250 дополнителни монитори, а тоа ќе се случи кога ситуацијата во земјата ќе се стабилизира.

Iran UN Syrien Kofi Annan in Teheran

Анан задоволен од усвојувањето на резолуцијата, но скепсата за примената на неговиот план останува

Во резолуцијата се нагласува дека двете страни мораат да се воздржат од насилството кое уби повеќе од 9.000 лица. Советот за безбедност ја повика Сирија да ги повлече војниците и тешкото вооружување од градовите. Со резолуцијата се бара и итно исполнување на планот на Кофи Анан од шест точки, што би довело до разговори меѓу режимот и опозицијата во Сирија за политичката иднина на земјата.

На тој план се гледа како на единствената преостаната шанса за дипломатија, главно затоа што е поддржан од сојузниците на Сирија – Русија и Кина, кои во минатото го заштитуваа Асад од осуда во Советот за безбедност. Анан во Женева изјави дека многу му олеснало и оти е радосен за гласањето во Советот.

Скепса за примената на планот на Анан

Сепак, западните сили и лидерите на опозицијата остануваат скептични во врска со подготвеноста на Асад за да отстапи од неговата цврста контрола врз земјата, управувана од неговото семејство веќе четири децении. Режимот се чини дека се чини дека применува одредени делови од планот на Анан, додека не ги почитува другите делови.

Syrien Homs Bombardierung

Поглед на згради во Хомс кои, според опозицијата, биле уништени од владинисте сили

Во тој контекст, се информира дека сириските трупи бомбардирале станбени населби, а бунтовничките вооружени лица испукале ракетни гранати во градот Хомс. Вчерашното пукање се смета за прва употреба на тешко оружје по прекинот на огнот, кој официјално стапи на сила во четвртокот (12.04.). Се информира дека и во други делови на Сирија продолжиле престрелките во кои се регистрирани најмалку 14 загинати лица.

Медиумите јавуваат дека престрелките меѓу режимот и опозицијата продолжиле и денеска со напади на населби во градот Хомс, а бунтовниците одговориле со напад на полициска станица во северната провинција Алепо. Престрелките се случуваат пред пристугнувањето на тимот набљудувачи од ОН.