1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност го осуди атомскиот тест

СБ на ОН и‘ се закани на Северна Кореја со заострени санкции. Во соопштението издадено по нуклеарната проба што ја изврши Северна Кореја, СБ оцени дека тестот е закана за мирот во светот.

Советот за безбедност на Обединетите Нации, по итно свиканата седница поради нуклеарната проба што ја изврши Северна Кореја, соопшти дека тестот е тешка повреда на постоечките резолуции. Највисокото тело на ОН ќе почне веднаш да работи на „соодветни мерки“ како одговор на тестот, беше соопштено во Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече: „Раководството на Северна Кореја не треба да има илузии дека нуклеарното оружје ја зголемува безбедноста на земјата. Напротив, ако Пјонгјанг стреми кон создавање нуклеарно оружје, само повеќе ќе страда во изолација.“

UN Sicherheitsrat Nordkorea

Сузан Рајс

Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс изјави дека САД и нивните сојузници се стремат кон заострување на санкциите против Северна Кореја.

Според наводите на американските тајни служби, нуклеарната проба во Северна Кореја предизвикала експлозија од „приближно неколку килотони“. Најверојатно се работело за подземна нуклеарна експлозија во близина на нуклеарна постројка на североистокот на земјата, која предизвикала земјотрес со јачина од околу 5 степени според Рихтеровата скала.