1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност глув на барањата на Србија

Советот за безбедност на ОН остана глув на барањето на српскиот претседател Борис Тадиќ да се поништи одлуката за независност на Косово. Откако САД го признаа Косово, Србија го повлече својот амбасадор од Вашингтон.

default

Тадиќ пред Советот за безбедност

Српскиот претседател Борис Тадиќ пред Советот за безбедност соопшти дека неговата земја никогаш нема да се откаже од борбата за своите легитимни интереси ниту пак ќе ја признае независноста на Приштина. „Сакам јасно и отворено да ви порачам, Србија нема никогаш да ја признае независноста на Косово. Ние никогаш нема да се откажеме од Косово и нема да се откажеме од борбата за своите легитимни интереси. За граѓаните на Србија и нејзините институции, Косово сејкогаш ќе остане Србија.“ Тадиќ констатираше дека донесувањето на одлуката за независноста на Косово го озаконува етничкото чистење, спроведено врз Србите во 1999 година и после доаѓањето на КФОР и УМНИК на Косово. Тадиќ потсети дека сите Албанци, кои живееле на Косово во 1999 година таму се и денеска, што не е случај и со Србите.

Приштинската декларација легитимна за САД

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун не одговори директно на барањето на Тадиќ да ја поништи независноста на Косово. Според американските претставници во ОН, приштинската декларација е легитимен чекор на тамошната влада која не претставува опасност за слични преседани и во другите делови на светот. Русија загрижена Откако вчера (18.02.08) САД ја признаа независноста на Косово, Белград го повлече својот амбасадор ов Вшингтон. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по сединцата на Советот за безбедност се закани дека тоа ќе се случи и со сите други држави кои ќе го признаат Косово. Седницата на Советот за безбедност беше свикана на барање на Русија чии претставници изразија загриженост дека се нарушуваат принципите на меѓународното право, се крши повелбата на ОН и се создава опасен преседан во светски рамки.