1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Советот за безбедност бара воздржаност во Бурма

Советот за безбедност на ОН апелира до воената хунта во Бурма да му дозволи влез во земјата на специјалниот пратеник на организацијата.На вонредната седница имаше поделеност околу воведувањето санкциии против Бурма

default

Советот за безбедност на ОН се состана на итна седница за состојбата во Бурма,но не изгласа санкции.Кина спречи донесување резолуција со осуда на воената хунта.Кинескиот амбасадор во Њујорк Ванг Гуангуа пред новинарите изјави дека неговата земја санкциите ги смета за несоодветни и од мала помош во сегашната ситуација во Бурма.

Советот за безбедност ги повика сите страни во Бурма на воздржаност,посебно воената хунта.

САД пак побараа од режимот во Рангун да поведе дијалог со опозицијата и да свати дека сегашниот конфликт не смее да се решава со насилство.Американскиот државен потсекретар апелираше до Кина да го употреби своето влијание и да спречи кровопролевање.

Германија очекува отворање пат кон демократизација

Слични ставови има и германската влада.Нејзиниот портпарол Томас Штег во Берлин го пренесе ставот на канцеларката Меркел:

„Во кабинетот сојузната канцеларка уште еднаш јасно стави на знаење дека од властите во Бурма очекува да се воздржат од насилство и да го ослободат патот кон демократска и мирна иднина.“

Во Европскиот парламент и во Европската комисија политичарите пак се залагаат за воведување поостри санкции против режимот во Рангун.ЕУ и САД усвоија и заедничко соопштение за ова.Еврокомесарот за развојна помош Луис Мишел се обрати притоа до главниот сојузник на Бурма,Кина:

„Верувам дека Кина знае точно дека не и е во долгорочен интерс во земјата постојано да владее експлозивна ситуација.Кина таму има решавачко влијание.“

Барање за ослободување на предводничката на опозицијата

Европскиот парламент подготвува и резолуција со која бара не само од Кина,туку преземање чекори и од АСЕАН.Британскиот конзервативен пратеник Џефри ван Орден тоа вака го формулира:

„Ние бараме од бурманските власти:веднаш ослободете ја Аунг Сан Су Куи ,оставете ги демонстрантите на мир.Свикајте репрезентативно собрание на опозицијата.“

Водачот на опозицијата во Бурма со години се наоѓа во куќен притвор. Воената хунта против демонстрантите во земјата примени сила,вчера за првпат имаше и мртви,нивниот точен број не се знае,но се работи најверојатно за неколкумина убиени,меѓу кои и будистички монаси.Протестите кои започнаа пред неколку дена се најсилни од 1988 година.Тие од генералите кои раководат со земјата бараат демократизација,а непосреден повод беа растечките цени на повеќе производи и сиромаштијата на населението.