1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собраниска седница за предвремени избори

Македонското собрание денеска треба да расправа за распишување предвремени парламентарни избори. Седницата е закажана откако синоќа Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја поддржа иницијативата на ДУИ.

default

Дали Парламентот ќе гласа за самораспуштање?

И Демократската партија на Албанците синоќа едногласно ја поддржа иницијативата за самораспуштање на парламентот и одржување предвремени избори.

Лидерот на најголемата опозициона партија, СДСМ, Радмила Шекеринска, предупреди дека изборите ќе ги забават реформските процеси до септември, кога Македонија би требало да добие датум за преговори од Европската комисија.

Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека преговорите за името со Грција, како и сите процеси ќе бидат забрзани за да се надополни она што е изгубено поради бавното и неефикасно работење на парламентот.