1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Собраниска расправа за интеграцијата на Македонија во ЕУ

Македонија забрзано работи на своите домашни задачи за приближување во ЕУ, порача денеска македонската вицепремиерка Коневска Трајковска пред парламентарците. Во собранието на Македонија денеска се дебатираше токму по последниот извештај на ЕК за Македонија.

Во парламентот се дебатираше за евроинтеграциите на Македонија

Во парламентот се дебатираше за евроинтеграциите на Македонија

Пред три години, македонскиот парламент донесе декларација за своите законодавни и политички обврски во евроинтеграциите на Македонија. За првпат денеска пратениците отвараат дебата по еден извештај на Комсијата на ЕУ. Овој последниот од самитот на лидерите на ЕУ.

Последните абери од Брисел не ги затвараат вратите за проширување и не воведуваат нови политички критетриуми за членство, толкуваат во македонската влада „ Нема дами и господа да има нови критериуми, туку ќе има засилен мониторинг на исполнување на истите. Засилениот монитринг е практично она што и владата на Република Македонија го посакува, бидејќи само на овој начин ќе добиеме вистински, реален динамизам,на исполнувањето на критериумите кои се однесуваат на оние, утврдени веќе во Копенхаген во 1993 година“ вели евро мисниерката Габриела Коневска Трајковска

Таа ги пренесе оценките на владата дека до 2010 година ќе може да се хармонизира македонското со европското законодавство.

Претседателот пак на парламентарнтата комсија за евроски прашања Тито Петковски со скепса „Ако ние водиме расправа да речеме по еден проект, по еден закон еден месец, бидете сигурни дека нема да ни бидат доволни многу, многу години да го хомогенизираме нашето законодавство со европското, да донесемне осумстотини закони или четиристотоини приоритетни закони во наредниот период, ќе се согласите дека ќе ни треба многу повеќе труд.“ кажа Тито Петковски лидер на владеачката НСДП

Во парламентот нема консензус околу значајни полтички програми, не е конституиран новиот Републички судски совет, зошто не се избрани петмината кандидати од кои двајца се по предлог на претседателот Бранко Црвенковски. Само што се отвори дебата за уставните промени, опозицијата но и дел од владеачките партии со различни позиции. Наместо предложените две измени на два амандмана зошто не и поссестрана реконструкција на уставот. Сепак денешната евродебата ги покажа македонските разлики власт –опозиција.

Владата мисли дека нејзините политички решенија и решителност во борба со организираниот криминал се опструирани од досегашните владеачки гарнитури на СДСМ и ДУИ

„Сите укажуваат на прашањето дека главна цел за борба против корупцијата е политичката волја. Овдека исто така сме исклучтелно детерминирани, затоа што на овој начин во ниенден момент заради нерешителната политичка воја на одредена политичка коалиција или влада, во ниеден момент нема да го држиме во заложништво граѓаните или населението во република Македонија. Тоа значи да бидеме недоследни, односно да не бидеме оние кои уживаат доверба во рамките на институциите на ЕУ.“

Наспроти овие определби за порешително справување со организирианиот криминал и корупција што ги образложи вицепремиерката Коневска Трајковска, новиот лидер на СДСМ Радмила Шеќеринска ги актуелизира очигледните меѓу – министерските разлики на пример околу аферата со оружјето и најновиот скандал со упадот најверојатно на полициските специјалци во една скопска дискотека. Радмила Шеќеринска притоа оценува „Се познати списоците да се каже зошто тие не му биле ставени на располагање на министерот итн.итн. Два дена и на 15 и на 16 декември извори од министерството за внатрешни работи тврдеа дека се работи за кражба. Иавори од министерството за внатрешни работи тврдеа дека еден дел од оружјето, е оружје дадено од некоја од земјите членки, или поточно беше кажано дека се донирани од страна на НАТО Алијансата. Веќе на 16 декември, 24 часа исто како и синдромот во одбрана, ништо што важело до вчера не важи денес.“

На ваков начин Шеќеринска ги санкционираше разликите меѓу министерството за одбрана и полиција во нивното ривалство околу откривањето и истрагата со евентуалниот шверц со оружје и скандалот со запнленувањето на трите бугарски камиони со македонско армиско оружје за Бугарија.

Шеќеринска претходно го водеше евро – секторот и оцени дека владата на Груевски недоволно лобира Македонија да добие прецизен датум за преговори со ЕУ барем до 2008 и нема капацитет на внатрешен план за политички и меѓуетнички консензус.