Собраниска дебата за ребаланс на буџетот | Македонија | DW | 20.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собраниска дебата за ребаланс на буџетот

Во Собранието дебата околу ребалансото на буџетот. Странските дипломати бараат конструктивност.

default

Дебата во Собранието

Предвиде ли владата во буџетот пари за згрижување на поранешните припадници на ОНА. Ова прашање како дел од дилемата што содржи фамозниот договор меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети се актуализираше со старото на расправата за ребаланс на буџеотот во 2007 година.

Пратеникот Ружди Матоши од владеачката ДПА вели дека е предвидена сума од 300 илјади евра за поранешните припадници на ОНА. Премиерот Никола Груевски негираше: тоа не е точно.

Имено станува збор за барањето на ДУИ со закон да се обезбеди социјален пакет за поранешните припадници на ОНА од конфликтот во 2001 година. Премиерот признава дека лидеротот на ДУИ Ахмети го отворил ова прашање на средбата во клубот на пратениците но тврди дека договор за тоа не е постигнат и оти за владата е неприфатливо ова барање на ДУИ. Но и покрај тоа што премиерот негира, пратениците на опозицијата реагираат. Слободан Најдовски од ЛДП вели дека неможе да се финансира нешто што не е утврдено со закон.

Ставот на ДУИ е дека ова прашање треба да се реши со посебен закон но најавува оти со амандмани на предложениот ребаланс ќе побара пари за воените ветерани на ОНА.

Поранешниот премиер Владо Бучковски го критикива предложениот ребаланс, но во однос на барањето на ДУИ е на иста линија со партијата на Али Ахмети.

Средбата на Груевски и Ахмети и сите контроверзи што ги предизвикаа со обвинувањата за таен договор се закануваат нова политичка криза во Македонија. Странските дипломати бараат од политичките партии конструктивност.