1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собраниската седница прекината на самиот почеток

Собраниската седница, на која треба да се разгледуваат предлог-измените на Изборниот законик, со кои се продолжува рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори до 8. март, е прекината на барање на ДПА.

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 57.седница на која на дневен ред се измени и дополнувања на Изборниот законик, по итна постапка, со кои се предвидува продолжување на рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници за уште пет дена, односно определување дополнителен рок до 8. март за поднесување листи од страна на регистрирани политички партии или коалиции.

На седницата присуствуваа и пратениците од опозицијата, кои по речиси два
месеца го прекинаа бојкотот, откако вчера беше постигнат договор за нивно
учество на локалните избори и надминување на политичката криза.

Предлогот на закон е предложен од пратениците од најголемите пратенички
групи во Собранието. Потписи на овој предлог имаат ставено координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, заменик координаторот на СДСМ, Весна Бендевска, координаторот на НСДП и ЛП, Горан Мисовски, и новиот координатор на ДУИ, Неџати Јакупи.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008

Трајко Вељаноски

Седницата е прекината откако координаторот на пратеничката група на ДПА
Имер Алиу побара еден час пауза и побара информација за последните инциденти во Скопје. „Ова е поважно од изборите, изборните датуми и се’ друго. Барам оваа седница да се прекине и да има итна седница за случувањата надвор“, рече Алуи.

На ова реагираше спикерот Трајко Вељаноски, кој побара случувањата низ улиците на Скопје да не се внесуваат во Собранието, по што даде еден час пауза.

Денешните протести на неколку стотина Албанци низ скопските улици ескалираа откако дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Откако групата со камења ја нападна полицијата чиишто припадници го обезбедуваа протестот, бројните полициски сили одговорија со солзавец и ја потиснаа групата кон Старата скопска чаршија.