1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието се распушта овој четврток

Македонското собрание ќе се распушти в четврток на 14. април, соопшти претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски. Одлуката за распишување на предвремените избори се очекува да ја потпише на 15. овој месец.

default

Трајко Вељаноски

На координативната средба што се одржа денеска претпладне (11.04.), Вељаноски доставил одлука за распуштање на Парламентот и во текот на денешниот и утрешниот ден очекува и пратениците од владејачкото мнозинство, но и народните избраници од опозицијата, да се потпишат зад овој документ.


„Од моја страна беше поднесена одлука за распуштање на Собранието до координаторите и потпретседателите на Парламентот. Во текот на денешниот ден и утре ќе се собираат потписи од сите пратеници за распуштање на Собранието. Утре треба да бидат доставени до мене како претседатели да закажам седница за распуштање. По добивањето на одлуката за распуштање на Собранието, која очекувам да биде потпишана и од власта и од опозицијата, ќе закажам седница во четврток на 14 април и верувам дека ќе биде изгласана, а на 15 април ќе го потпишам решението за распишување на избори, согласно датумот кој што го договорија лидерите“, изјави Вељаноски.


На координативната средба е договорено денеска да бидат завршени точките од дневниот ред на 148. седница, меѓу кои да бидат изгласани измените на Изборниот законик и дополнувањето на Законот за пратеници, а утре да се гласаат законите за кои е потребно двотретинско мнозинство, вклучувајќи го и амандаманот на Уставот и точката за избор на претседател на Државната изборна комисија. За претседател на ДИК СДСМ го предложи Борис Кондарко.

Изјавата на претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, можете да ја слушнете подолу.

Автор: ТТ/миа

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM