1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Собранието расправа за престрелката во Ваксинце

Животот во Ваксинце го загуби командир на полициската станица во Матејче

default

Македонскиот парламент денеска го смени дневниот ред и на место расправата за изборниот закон побара информација за оружениот инцидент во Ваксинце. Во него, според анонимни дипломатски извори, животот го загуби командирот на полициската станица во Матејче, Фатмир Алили. Во нападот врз полициската патрола ранети се и двајца полицајци. Убиен е и еден од напаѓачите, Скендер Алили, додека се ранети уште двајца, меѓу кои и Џеладин Исени, брат на т.н. „командант Џејми Шеј„. Вториот од повредените избегал на Косово, каде бил уапсен од страна на КФОР.