1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Собранието расправа за интерпелација на Рафајловска

Нов тест за владината коалиција во Македонија - во Собранието се расправа за интерпелација на минисерот за економија Вера Рафајловска

default

Министер за економија на Македонија Вера Рафајловска

Почна со интерпелација за премиерот Груевски и владата, потоа одговорност за спикерот Георгиевски, па барање за разрешување на заменикот министер за полиција поради познатите септемврски физички пресметки во парламентот.

Сите овие иницијативи од опозицијата владаечкото парламентарно мнозинство досега ги отфрли. Дали денешната интерпелација за министерот за економија ќе биде нов тест за владината коалиција?

Спорот меѓу ДПА и НСДП настана откако пратениците и нивнито лидер Тито Петковски, недоамна застанаа зад барањето за смена на замнеикот мнитсер за полиција Рефет Елмази. Веднаш реагираше претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како одмазништво најави дека иако се коалициски партнери ќе ја поддржат интерпелацијата на Вера Рафајловски.

СДСМ го обвинува министерот за економија за сомнителниот тендер и избор за продажба на ТЕЦ Неготино. Владата под силниот притисок на јавноста и опозицијата ја поништи продажбата на ТЕЦ Неготино.

Ако интерпелацијата упсее со поддршка од владеачкото мнозинство тогаш тоа ќе значи дека премиерот Груевски се подготвува за прва посериозна реконструкција на својот владин кабинет.