1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието пред самораспуштање

Собранието на Република Македонија денеска (14.04.) треба да се изјасни за одлуката за распуштање на законодавниот дом, предложена од првиот парламентарец Трајко Вељаноски, а поддржана од 79 пратеници.

default

Собранието на Република Македонија денеска треба да се изјасни за одлуката за распуштање на законодавниот дом, предложена од првиот парламентарец Трајко Вељаноски, а поддржана од 79 пратеници.

Распуштањето на Парламентот е овозможено по изборот на Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија и со изгласувањето на измените на Изборниот законик.

Претседателот на Собранието Вељаноски упати апел до сите парламентарни партии да дојдат на денешната последна седница на актуелниот пратенички состав.
Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници. Во актуелниот состав со 120 парламентарци, за донесување таква одлука неопходно е да ја поддржат најмалу 61 пратеник. Со одлуката за распуштање на Собранието завршува мандатот на пратениците.

Распишување на изборите уште в петок

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt Ivan Stoijkovic im Parlament

Со распуштањето на парламентот, завршува и мандатот на пратениците

Вељаноски најави дека по распуштањето на Собранието, веќе следниот ден, в петок, ќе ги распише предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат на 5. јуни. Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот.

Воедно, на последната седница на Собранието, со 72 гласа „за“, тројца против и без воздржани, Владимир Стојановски е избран за нов судија на Уставниот суд на Република Македонија, на местото на разрешениот Трендафил Ивановски.
Предлогот за избор на Стојановски, Судскиот совет едногласно го усвои вчер, на итна седница.

Автор: ТТ/АТ/миа

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM