1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието „не го дава“ Вељаноски

Собранието на Македонија по 12 часа расправа доцна ноќеска не ја прифати предлог одлуката за разрешување на претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски. За предлогот поднeсен од СДСМ и НСДП гласаа 14, против 68.

default

Трајко Вељаноски: ова е „бура во чаша вода“

Двете опозициски партии го обвинија Вељаноски дека на 1 јули, кога се случи инцидентот пред и во Парламентот, направил низа прекршувања поврзани со овој, но и со други настани. Според опозициските пратеници, тој го спречил формирањето на анкетната комисија за расчистување на инцидентот, дозволил министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да се наметне над Собранието, оти е „марионета на извршната власт“, и поради тоа мора да сноси одговорност.

За пратениците од парламентарното мнозинство, пак, вчерашната седница претставува извртување на фактите и обид да се заташка одговорноста за инцидентот од 1 јули. Обвинија дека станува збор за сериозен инцидент за кој нема оправдување и оти целта на опозицијатаеда се оцрни Македонија пред меѓународната јавност, да се блокира политичкиот дијалог и да се добиенегативен извештај од ЕК.

Кој повикал полиција во Собранието?

Весна Бендевска од името на предлагачите побара одговор од Вељаноски дали како претседател на Собранието дал писмено одобрение за присуство на службени лица од МВР на 1 јули кога се случи инцидентот во законодавниот дом.

„Во овој одговор лежи клучот каде треба да се бара одговорност. Ако повикавте полиција, ако одобривте присуство на полицијата, тогаш ќе продолжиме и ќе дебатираме за ваша лична одговорност за прекршување на членот 43 од Законот за Собрание. Но, ако не повикавте, тогаш во истиот момент подготвени сме да ја повлечеме нашата иницијатива, бидејќи јасно ќе е каде е одговорноста за грубиот пуч, што извршната власт го направи врз законодавниот дом“, рече Бендевска.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Извртување на факти

Вељаноски во одговорот на ова прашање рече дека легитимно право на секого е да предложи предлог за негово разрешување, но оти се сомнева дека се работи за груб обид да се заташка инцидентот.

„Наместо да разговараме за факти и утврдени настани денеска взаемно ќе се обвинуваме и расправме и повторно ќе го доведуваме, како и претходните денови, кредибилитетот на Собранието. А повеќе од потребно е да разговараме како брзо да го повратиме дијалогот и дигнитетот на парламентарниот дом. Дијалогот може да се води само ако се почитуваме, трпеливо чекор по чекор, никако со ултиматум. Дијалогот умира во моментите кога наместо договор за формирање анкетна комисија на маса паралелно се испорачува барање за мое разрешувањеод опозицијата. Тоа ни се случи на последната координација, цинично потврдувајќи ја неспремноста за дијалог“, истакна Вељаноски.

Целодневната дебата ја заокружија оние кои ја почнаа, Бендевска и Вељаноски. Бендевска заклучи дека тоа што не добиле одговор дали претседателот на Собранието побарал полициско присуство ја докажува неговата вина за случувањата на 1 јули и оти од утре тој веќе нема да биде претседател на сите пратеници, туку само на ВМРО-ДПМНЕ.

Вељаноски, пак, ја оцени иницијативата на опозицијата и расправата за негово разрешување како „бура во чаша вода“, непотребна и непродуктивна. Тој апелираше до пратениците да се врати вистинскиот дијалог во Собранието.

Автор: ЖА/ТТ/миа

Редактор: Трајче Тосев