1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието изгласа пролонгирање на рокот за локалните избори

Владејачките пратеници во Собранието по итна постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик во прво читање со кои се овозможува пролонгирање на рокот за поднесување кандидатски листи на изборите.

Македонското Собрание денеска на итна седница го донесе Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик во прво читање, со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи  за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот.

За Предлог измените гласаа сите 66 присутни пратеници. Согласно одлуката на Собранието за измените попладнево треба да расправаат матичните собраниски тела - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Измените во второ читање треба да бидат донесени во рамките на итната 56-та седница која ќе продолжи во 17:30 часот.

Министерот за правда Блерим Беџети претходно образложувајќи го предлогот истакна дека со него Владата настојува да се задоволи уставното начело дека секој има право да избира и да биде избран.

„Централната власт односно локалната власт во Република Македонија својата легитимност ја добива од граѓаните на Република Македонија кои преку непосредни, фер и демократски избори ги избираат своите преставници. Највисок демократски чин во едно општество преставува правото на глас кое истотака е и уставно загарантирано право. Од тие причини, а со цел правото на граѓаните да можат да бираат и да бидат бирани во органите на власта го предлагаме овој Предлог закон“, рече Беџети.

Предлог измените се најдоа во Собранието откако Владата на денешната седница ги усвои по итна постапка. Гордана Јанкулоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција соопшти дека овој

SDSM Parteizentrale, Skopje, Mazedonien

Седиштето на СДСМ во Скопје

чекор е направен врз основа на досегашните принципиелни ставови на ВМРО-ДПМНЕ водејќи се од позициите за заштита и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, како и за реализација на евроатлантските интеграции на државата.

Андреј Петров, секретар на СДСМ, како одговор на денешниот предлог за нивно учество на локалните избори даден од страна на ВМРО - ДПМНЕ, рече дека „Сојузот за иднината“ не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност на власта.

Тој потсети на предлогот даден од Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција: „ако на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори“.

СДСМ за вечерва со почеток во 19 часот закажа седница на Централниот одбор во  седиштето на партијата.