1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието доби нови потпретседатели

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ се тројцата потпретседатели на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа избрани на третата собраниска седница.

default

Со тоа, првпат парламентот ќе има две жени потпретседатели, а Салиу е првата жена Албанка што ќе биде на оваа функција. Во однос на изборот на Салиу за потпретседател на ДУИ, Ермира Мехмети рече дека нејзината академска подготвеност и работното искуство им даваат за право да веруваат дека со изборот на Салиу, Собранието ќе добие уште повеќе на квалитет.

Во расправата за кандидатурата на Макрадули за потпретседател на Собранието, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе гласа за предлогот само затоа што согласно законот еден од потпретседателите треба да биде избран од редовите на опозицијата, но оти не се согласуваат со кадровското решение што го нуди СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ против изборот на Макрадули

Тие се незадоволни од функционирањето на Макрадули како потпретседател во минатиот собраниски состав, особено во времето кога СДСМ го бојкотираше Собранието и му забележуваат за начинот на водење на седниците, како и за неговото лично однесување за време на седниците.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Пратеничката група на СДСМ го бранеше изборот на Макрадули

„Се надеваме дека пратеничката група на СДСМ ќе побара пауза и ќе предложи друго решение. Доколку не го стори тоа, ќе го поддржиме овој предлог од единствена причина затоа што тоа е законска обврска, но сметаме дека тоа е лошо решение кое нема да придонесе за подобрување на работата на Собранието и за една конструктивна атмосфера на дијалог меѓу сите политички субјекти“, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, Макрадули е добар избор за потпретседател кој никогаш ги нема прекршено Уставот и Деловникот за работа на Собранието и има легитимно право да ги брани гласовите на опозицијата добиени на последните парламентарни избори.

„Освен еден-двајца пратеници, Јани Макрадули има најдолг парламентарен стаж и самото тоа го квалификува да биде потпретседател на Собранието“, рече Игор Ивановски од СДСМ.

Парламентот ги верификува и мандатите на Сузана Анова и Стевче Трпковски, двајцата нови пратеници по оставките на мандатарот Никола Груевски и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Двајцата се од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден.

Автор: БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски