1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Собранието го одби барањето на АМАН

Иницијативата на група граѓани за враќање на ефтината тарифа во цената на струјата е одбиено од пратениците на мнозинството во Собранието.

Македонското Собрание не даде поддршка во прво читање на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, поднесен од 13.169 избирачи преку граѓанската иницијатива АМАН.

Во општата расправа од страна на поднесувачите на иницијативата беше посочено дека со законот се бара да се врати евтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.

Претходно, на седницата на матичната собраниска Комисија за економски прашања, заменик-министерот за економија Христијан Делев образложи дека правно предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот, бидејќи цената на електричната енергија и на парното греење и се’ што е поврзано со тоа се регулира во подзаконски акти, односно со тарифникот кој е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.