1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Соботка е именуван за премиер на Чешка

Чешкиот претседател Милош Земан го именува лидерот на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) Бохуслав Соботка за премиер и му го довери мандатот за состав на новата влада.

По владината криза која траеше со месеци, Чешка има премиер. Социјалдемократот Бохуслав Соботка денеска (17.01) од претседателот Милош Земан беше именуван како човек кој ќе раководи со тројната централно-левичарска коалиција, составена од партијата на премиерот ЧССД, христијанските демократи (КДУ-ЧСЛ) и протестното движење АНО. Коалицијата располага со 111 од вкупно 200 пратенички места во парламентот

Се‘ додека не биде познат комплетниот состав на новиот кабинет, работите и натаму ќе ги води преодниот премиер Руснок.

Соботка денеска изјави дека се надева оти новата влада ќе почне со работа најбрзо што е можно. „Наши најважни прироритети се поттик на економскиот пораст и создавање работни места“, изјави тој.

Престедателот Милош Земан претходно изрази сомневање во способноста на некои од кандидатите за министри за водење на ресорите за кои се предвидени. Тој најави средби со кандидатите, а именувањето се очекува до крајот на јануари.