1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден ќе сведочи пред Европскиот парламент

Поранешниот аналитичар на американската НСА е поканет од Комитетот за граѓански слободи да открие детали за американската шпионска програма.

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска (9.01) го покани поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден да сведочи преку видео-линк за шпионската пракса на САД.

Членовите на комитетот со големо мнозинство претходно го одобрија предлогот за сведочењето на Сноуден. За предлогот Сноуден да сведочи преку видео-линк гласаа 36 членови на Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент, додека двајца беа против.

Во Парламентот за овој предлог на комитетот ќе се гласа во февруари, па за евентуалното сведочење на Сноуден може да стане збор дури во април.

Сноуден во јавноста откри дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпиoнирала лидери на Европската унија и остатокот од светот и заради тоа во моментов, со одобрен привремен азил, престојува во Русија. Светскиот печат, врз основа на тајни документи што ги објави Сноуден, соопшти дека Вашингтон, со помош на сојузниците како Велика Британија, прислушуваат и шпионираат телефонски и интернетски системи ширум светот. Меѓу другото, јавноста на тој начин дозна дека НСА дури го прислушувала и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.