1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден - три недели во транзитен простор

Едвард Сноуден, човекот кој објави американски шпионски информации, веќе три недели е заглавен во транзитниот простор на аеродромот Шереметјево. Нови тајни информации ќе бидат објавени, ако нему нешто му се случи.

Сноуден бегајќи од американските власти со лет од Хонгконг замина кон Русија на 23 јуни, односно пред точно три недели, и оттогаш престојува во транзитната зона на московскиот аеродром. Во овие три недели тој за првпат пред активисти за заштита на човековите права се појави во петокот (12.07.2013), информирајќи дека привремен азилантски престој во Русија, до моментот во кој тој ќе процени дека е безбедно да замине во Латинска Америка. Но, руските власти не потврдуваат дали добиле такво барање, а ако го одобрат тоа би бил ризик за дополнително заострување на тензичните односи меѓу Русија и САД. Во вчерашната изјава на Константин Ромодановски, шефот на Федералната миграциска служба на Русија, стоеше дека „во моментот нема апликација од Едвард Сноуден“, а ако има, тогаш таа ќе биде разгледана „според нормалните правни процедури“. И Димитриј Песков изјави дека засега руските власти не знаат ништо за барањето на Сноуден.

Американските власти, пак, преку Џеј Карнеј, портпаролот на Белата куќа, зајадливо и’ препорачаа на Москва: „Би сакале да ја охрабриме руската влада да им овозможи на организациите за заштита на човековите права да ја извршуваат својата работа низ цела Русија, а не само во транзитната зона во Москва“.

САД да клечат на колена

Snowden trifft Menschenrechtsaktivisten in Moskau

Американската влада бара невладините организации да ја извршуваат својата работа низ цела Русија, а не само во транзитната зона на московскиот аеродром

Во меѓувреме во јавноста се огласи и новинарот на британскиот весник „Гардијан“, кој прв ги објави информациите што Сноуден ги откри, а се однесуваат на програмите за тајно следење спроведувани од американските власти. Според новинарот Глен Гринвалд, кој даде интервју за аргентинскиот весник „Ла Насион“, Сноуден поседува податоци кои можат дополнително да му наштетат на имиџот на американската влада. Гринвалд вели дека Сноуден одлучил да не ги објавува овие информации. Тоа е и условот што рускиот претседател Владимир Путин го постави минатата недела - Сноуден може да бара азил во Русија, само ако запре да им наштетува на интересите на САД.

„Сноуден има доволно информации за сам и за само една минута да и’ предизвика поголема штета на американската влада отколку што кој било друг некогаш во историјата на САД и’ нанел“, изјави Греенвалд за аргентинскиот весник, додавајќи дека сепак „тоа не е неговата цел“.

Информациите во јавност, ако се случи нешто со Сноуден

Symbolbild Geheimdienst Akte Top Secret vertraulich

Сноуден има многу тајни документи на различни локации

Но, и покрај се’, новинарот на Гардијан нагласува дека овие тајни информации ќе бидат објавени доколку нешто лошо му се случи на Сноуден.

„Американската влада би требала да клечи на колена секој ден и да се моли ништо да не се случи со Сноуден, бидејќи ако нешто му се случи, тогаш сите информации ќе бидат објавени и тоа би бил нејзиниот најголем кошмар“, предупреди британскиот новинар.

Тој објасни дека Сноуден ги чува тајните документи на неколку локации, а во некои од нив има податоци како американските власти сроведувале следење во Латинска Америка.

„Еден од начините за ’ловење’ на комуникациите е преку телефонска компанија во САД, која има договори со телекомуникациски компании во најголем дел од земјите во Латинска Америка“, рече Гринвалд без да го наведе името на компанијата.