1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден си бара дом

Каде да оди Сноуден? Екс-тајниот агент кого САД го бараат поради предавство, не може вечно да остане во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево. Тој поднесе повеќе барања за азил, едно и во Германија.

default

auf der Flucht

Едвард Сноуден и натаму ги бранува јавноста и политиката. Тој може да остане во Москва, но повеќе е толериран отколку сакан таму. Поранешниот консултант на американското разузнавање испратил молби за политички азил во 21 држава, меѓу кои Русија, Исланд, Еквадор, Куба, Венецуела, Бразил, Индија, Кина, Германија и Франција, соопшти сајтот Викиликс.

Молбите од името на Сноуден ги врачила Сара Харисон, британска службеничка во Викиликс, која на 23 јуни му се придружи на Сноуден при неговото патување од Хонг Конг до Москва. Таа синоќа на аеродромот Шеремтјево ги предала молбите на службеник на рускиот конзулат, за да ги однесе во соодветните амбасади во Москва.

Во документите се подвлекува ризикот од кривично гонење на Сноуден во САД. Молби за азил се упатени, исто така, и до Австрија, Боливија, Финска, Италија, Ирска, Холандија, Никарагва, Норвешка, Полска, Шпанија и Швајцарија, сооопшти Викиликс.

Putin Freundlich

Владимир Путин во деликатна ситуација во случајот Сноуден

Во две од земјите: Исланд и Еквадор, молбите за азил се упатуваат вторпат. Сноуден вчера го обвини претседателот на САД, Барак Обама, дека врши притисок врз претседателите на земјите од кои побарал азил, и посебно врз Еквадор.

„Дознавме дека претседателот му наредил на заменик-претседателот да изврши притисок врз лидерите на земјите, од кои побарав заштита, да ги отфрлат моите барања за азил“, изјави Сноуден во соопштението, кое го објави Викиликс.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа изјави дека барањето за азил во Русија би можело да го реши случајот со Сноуден.

„Според мене, барањето испратено до руската влада би можело конечно да ја реши ситуацијата со господинот Сноуден“, рече Кореа, откако Москва информираше дека добила барање за азил од поранешниот соработник на ЦИА. Кореа истакна дека неговата земја не може позитивно да одговори на барањето на Сноуден, бидејќи тој не се наоѓа на еквадорска територија. Рускиот претседател Владимир Путин навести можност Сноуден да добие азил во Русија, но под предуслов да прекине да им наштетува на САД. Новите информации кои ги објавува Сноуден меѓутоа не одат во прилог на ова барање.

На 23 јуни Сноуден пристигна од Хонгконг на московскиот аеродром Шереметјево. Тој се' уште се наоѓа на аеродромот и тоа во неговата транзитна зона. Иако не е осуден за кривично дело, САД ја поништија важноста на неговиот пасош. Американската влада, обвинува Сноуден, го користи државјанството како оружје.