1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден предложен за Нобелова награда за мир

Двајца пратеници од норвешкиот парламент го предложија поранешниот соработник на американската тајна служба, Едвард Сноуден, за Нобелова награда за мир поради разоткривањето на шпионажата вршена од НСА во светски рамки.

Двајцата членови на норвешкиот парламент во писмо до норвешкиот Нобелов комитет истакнуваат дека поранешниот разузнавач на американската Национална безбедносна агенција НСА Едвард Сноуден заслужува да ја добие Нобеловата награда за мир.

Поранешниот норвешки министер за заштита на животната средина Бард Вегард Солхјел и пратеникот Сноре Вален сметаат дека со откривањето на документите, Сноуден придонел за „постабилен и помирен светски поредок“. Со оваа номинација, Сноуден ќе биде едно од имињата кои ќе бидат разгледани од Нобеловиот комитет за престижната награда. Панелот од пет члена вообичаено не потврдува кој бил номиниран, но понекогаш оние кои ги прават номинациите го соопштуваат тоа.

Сите номинации за Нобеловата награда мора да бидат поднесени до 1 февруари.