1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден ги чека руските документи, и останува на аеродромот

На американскиот државјанин, кој откри тајни документи за прислушкувања од страна на САД, му се одобрени привремени руски документи, но засега останува на аеродромот Шереметјево во Москва

Рускиот адвокат Анатолиј Кучерена, кој го застапува Едвард Сноуден, изјави дека неговиот клиент добил привремен руски документ со кој може да го напушти аеродромот, но тој засега одлучил да остане на Шереметјево.

Сноуден се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром од 23 јуни годинава, откако пристигна од Хонг Конг. Неговиот пасош беше поништен од САД кои го бараат по обвиненијата за шпионажа и откривање државни тајни.

Сноуден го откри и го објави постоењето на тајниот американски систем Призма, преку кој биле следени комуникациите на милиони луѓе ширум светот.

Руските власти претходно му понудија прибежиште на Сноуден во земјата, но само под услов да престане со објавувањето податоци за тајната американска програма, што тој го одби. Но, откако беше одбиен од бројни европски земји каде поднесе барања за азил, минатата недела американецот конечно се согласи да побара привремен азил во Русија.

Snowden Papiere Moskau Flughafen Anwalt Kucherena 24.07.2013

Анатолиј Кучерена

Останува непознато дали и кога Сноуден ќе одлучи да го напушти аеродромот во Москва. Од изјавата на адвокатот Кучерена остана нејасно дали Сноуден веќе го добил документот од руските власти или се’ уште чека на него, иако повеќе руски медиуми претходно јавија дека документот со кој му се одобрува привремен престој е издаден и треба да му биде предаден од неговиот адвокат.

Кучерена исто така изјави дека Сноуден планира во наредниот период да „остане во Русија и да ја изучува руската култура“. Адвокатот пред новинарите се појави со примерок од книгата „Злосторство и казна“ за која најави дека му ја носи како подарок на својот клиент.