1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сноуден бара азил во Русија

Ненадеен пресврт во аферата Сноуден: Екс-соработникот на американските тајни служби сака да остане во Русија. Ова беше објавено по средбата со активисти за човекови права во транзитниот простор на аеродромот во Москва.

Американскиот компјутерски специјалист во бегство Едвард Сноуден, според информации на руските новински агенции сака да го прифати азилот во Русија. Ова го објави и државната агенција РИА-Новости повикувајќи се на информации од учесници на средбата со Сноуден на аеродромот Шереметјево во Москва (на насловната фотографија).

Причината била тоа што неможел да отпатува, ја цитира агенцијата Интерфакс Тања Локшина од организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч. 30 годишниот Сноуден сака да остане во Русија и побарал помош при поднесувањето на барањето за азил.

Кремљ бара Сноуден да замолчи

Претседателот Владимир Путин на Сноуден му понуди азил уште на 1. јули, меѓутоа под услов да не им нанесува натамошни штети на САД со неговите откритија за програмите за прислушување и сајбер-шпионажа. Еден ден подоцна се прочу дека Сноуден ја одбива оваа понуда под вакви услови и дека не сака да се впушти на преговори со Кремљ. Портпарол на Путин денеска ги повтори условите за егзил на Американецот во Русија.

Сноуден, кој со откритијата за тајни програми за надгледување на телефонската и интернет комуникацијата предизвика реакции во целиот свет речиси три недели се наоѓа во транзитниот простор на аеродромот Шереметјево во Москва. САД сакаат да отворат процес против него поради издавање на тајна. Тие, по неговото бегство од Хонгконг го бараат со налог за апсење и неговата патна исправа ја прогласија за неважечка.

Сноуден поднесе барање за азил во повеќе од 20 земји, меѓу нив и во Германија. Додека повеќето земји го одбија неговото барање за азил, левичарските влади во Венецуела, Никарагва и Боливија му понудија прибежиште.