1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Снежно невреме ја блокира Јапонија

Јапонските острови се погодени од снежно невреме, најсилно во последните децении. Напојувањето со електрична енергија се одвива отежнато, а во застој се железничкиот и авионскиот сообраќај. Бројот на смртни жртви расте.

Во регионот Токио како и други источни делови на Јапонија во текот на викендов загинаа најмалку дванаесет лица, додека повредени биле повеќе од 1.500 лица. Повеќе стотици илјади домаќинства останаа без струја, пред сѐ на истокот на земјата. Вторпат во рок од една недела на многу места во прекин е и сообраќајот, автопатиштата се затворени, а многу летови откажани. Јапонија се бори со најсилните снежни наноси во последните 45 години.

Најголемата авиокомпанија на земјата All Nippon Airways (ANA) соопшти дека во саботата биле откажани 338 внатрешни и дванаесет меѓународни летови. Многумина патници мораа да преноќат на под и на клупи на аеродромот Ханеда во главниот град.

Во Кавасаки, западно од Токио, се судрија два воза, бидејќи откажале кочниците поради мраз и снег. Во несреќата биле повредени многу патници.

Метеролошките служби и натаму предупредуваат од бура, особено за северот и истокот на земјата. Се стравува од нови огромни бранови на бреговите, поплави и лизгање на земјиштето.