1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Снежните денови драгоцени за македонските алпинци

Алпското скијање, атрактивно, гламурозно во зима со снег како што е оваа, неминовно е еден од доминантните спортови. Течат трките од Светскиот куп, но Светското првенство во февруари во Гармиш е настанот на сезоната.

default

Скијањето - скап спорт

Од најпознатиот германски зимски центар, штотуку се врати скромниот македонски алпски тим. Селекторот Иван Лесевски за Дојче веле ги пренесува впечатоците. „Штотуку реализиравме дел од програмата која ја имавме зацртано за оваа година, и навистина добро се вклопи делот со тренизите во Гармиш – Партенкирхен, кој беше обезбеден од организаторот на Светското првенство во Гармиш. Таму престојувавме 8 денови, и имавме шанса да се подготвуваме и да ги користиме патеките на кои ќе се одржи Светското првенство.“

Flash-Galerie Trau Dich! Zugspitze Sonn Alpin

Баварија се подготвува за скијачката елита

Македонија на Светското првенство ќе ја претставуваат двајцата, во моментов најдобри скијачи Антонио Ристевски и Дардан Деари во дисциплините слалом и велеслалом. Но главниот тест пред Гармиш ќе биде Зимската универзијада во Турција. „Еден од приоритетите во програмата за оваа сезона е и учеството на Универзијадата во Ерзурум во Турција, каде што ќе настапат истите натпреварувачи како и за светското првенство. Тое е натпревар за студенти, а Антонио и Дардан се студенти и имаат право на учество во дисциплините слалом, велеслалом, супер велеслалом и супер комбинација.“

Пари има, нема снег

Со оглед на спецификата на овој спорт, за македонските алпинци секој ден минат на снег е драгоцен. За реализацијата на планираните подготовки Лесевски вели: „За оваа година програмата што е зацртана и потврдена од

Skifahren in Republik Mazedonien

Променливите снежни услови во Македонија неповолни за алпинците

скијачката федерација во целост се реализира. Како во сите спортови, не само во нашата држава, туку и во цела Европа, реализацијата наидува на тешкотии од финансиски аспект. За сега се’ што планираме се реализира, оваа година финансиите не се толку голем проблем, колку променливото време и недостигот на снег.“

Македонските скијачи имаа и неколку искуства во трките од Светскиот куп, иако моментниот квалитет не им дава премногу можности за освојување ФИС бодови во „белиот циркус“.

„Ние тука засега не располагаме со таков потенцијал бидејќи можеме да речеме дека можеме да учествуваме во Светскиот куп и тука рамноправно се натпреваруваме. Се надевам дека во следните години ќе планираме и ќе се подготвуваме на начин да можеме и да учествуваме во овие трки рамноправно, барем да се бориме за пласман во втората трка, односно за пласман во првите триесет.“

Лошиот животен стандард, кочница за скијањето

Скијањето, може да се рече дека е еден од елитните спортови, скап, близок на спортски развиените земји. Низ призма на нискиот стандард, на се’ поскапите услуги во македонските зимски центри, како Лесевски гледа на перспективите на македонското алпско скијање? „Секој врвен спорт сака одредени пари и многу средства за користење. Но, скијањето е посебно бидејќи е масовен спорт, и бара средства од самите учесници. Тука е проблемот, недостигот на средства кај луѓето во нашата држава доведува до тоа да имаме се’ помалку скијачи кои што се присутни.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска