Најмалку шест лица загинаа во снежната бура која зафати неколку американски сојузни држави. Во северна и јужна Дакота висината на снежната покривка достигна до 18 сантиметри. Најголемиот дел од жртвите настрадале во сообраќајни незгоди поради отежнатите услови за возење.