1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Снежна бура го погоди Нов Зеланд

Снежна бура го погоди Нов Зеланд и затрупа со снег повеќе области, поради што аеродромите и патиштата се блокирани, а училиштата се затворени.

default

Велингтон под снег

Студен бран од Антарктикот го погоди Јужниот Остров на Нов Зеланд и ги предизвика најголемите снежни врнежи во изминатите 40 години во главниот град Велингтон, во јужниот дел на Северниот Остров.

Властите ги предупредија жителите од најтешко погодените области да не излегуваат од своите домови. Непроодни се повеќето патишта на Јужниот Остров. Затворени се двата автопати, кои го поврзуваат Окленд и Велингтон, како и аеродромите во Крајстчрч, Квинстаун и Дунедин.

Метеоролошката служба на Нов Зеланд прогнозира дека снежните врнежи ќе продолжат до крајот на неделата и истакна дека снежна бура со таква сила е премногу ретка појава.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Трајче Тосев