1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Снежна бура во САД

Во големата снежна бура што го зафати југозападот на САД, животот го загубија најмалку 13 луѓе. Најголемиот дел од жртвите загинале во сообраќајни несреќи.

Улиците во југозападниот дел на САД, поради снежната бура, се комплетно завеани со снег или замрзнати. Поради тоа во американските сојузни држави Оклахома, Тексас, Калифорнија, Ново Мексико и Аризона е забележан значително зголемен број сообраќајни несреќи. Притоа, животот го загубија најмалку 13 лица. По четири жртви има во Оклахома и Тексас. Во Ново Мексико загина четиригодишно девојче кога автомобилот во кој таа била на специјалното седиште за деца се превртел. Во Калифорнија има три жртви, од кои една жртва во сообраќајна несреќа, едно лице загинало од пад на дрво, а едно од скинати електрични кабли. Во Аризона едно лице го загуби животот во надојдената река Санта Круз.

Метеоролозите за наредните денови предвидуваат натамошни снежни бури, кои ќе се движат во насока на исток. Се очекува сообраќајот за време на Денот на благодарноста (28.11), кога семејствата традиционално се собираат да го прослават празникот, да се одвива значително отежнато. Се претпоставува дека годинава ќе патуваат околу 43 милиони луѓе.