1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Снег во Маринело: Откажана презентацијата на новиот „Ферари“

Поради силните снежни врнежи во Маринело седиштето на фирмата „Ферари“ откажана е презентацијата на новиот болид на италијанскиот тим за претстојната сезона во Формула 1 закажана а в петок.

default

Болидот на Ферари од минатата сезона

Снег и ништо друго освен снег. Покрај тоа и голем студ. И сето тоа во Маринело каде утре ( 03.02.2012) требаше да биде претставен новиот болид за Формула 1 пред околу 300 гости. Презентацијата на „црвената божица“ за новата сезона мораше да биде откажано 24 часа пред церемонијата. „Во Маринело и натаму паѓа многу снег“ , пишува денеска на Твитер страницата на Ферари. Покрај тоа Италијанците се соочуваат со температури од - 10 степени. На сопствената тренинг патека во Фиорано поради големата снежна покривка не се гледа ниту големиот знак на Ферари на пистата. Таму возачите на тимот на „Ферари“, Шпанецот Фернандо Алонзо и Бразилецот Фелипе Маса требаа да ги извозат првите кругови со новиот болид.

Formel 1 SIlverstone 2011 Fernando Alonso

Фернандо Алонзо сака повеќе вакви слики годинава .

„Еден болид е убав, кога победува“

Подорување на времето не е на повидок . „Прогнозата и атаму е лоша, што се однесува на снежните врнежи така и на натамошниот пад на температурите“, пишува на интернет страницата на Ферари. Одлуката за откажување на презентацијата е донесена од обзир кон 300-те поканети гости. Слики од новиот болид како и интервјуата меѓу другото и со двајцата возачи - предизвикувачи на шампионот од Германија, Себастијан Фетел поради тоа ќе има само преку интернет . Ферари чека на шампионска титула во Формула 1 од 2007-ма година наваму кога светски шампион стана Финецот Кими Рајконен.
Во Маринело меѓудругото може да се чуе дека , болидот за 2012-та нема да биде премногу убав. Но шефот на „ Мерцедес Мекларен“, Мартин Витмарш на вчерашната презентација на новиот болид на овој британски тим во Формула 1 заклучи: „Еден болид е убав, кога победува“.

Jenson Button siegt bei Formel 1 Rennen in Montreal Kanada

Болидот на Џенсон Батон прв ја минува целта

„Мекларен Мерцедес“ веќе го претстави својот нов болид

Болидот со кој возачите на тимот Луис Хамилтон и Џенсон Батон ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на „Ред Бул“ ја носи ознаката „MP4-27“, и беше претставен во клупските простории во Бокинг.
Новиот Мекларен потсетува на минатогодишниот, со тоа што шасијата претрпе
најголеми измени поради новите правила кои важат од оваа сезона. Најголемите промени на болидот се забележуваат на задниот дел и системот на ладење. „ Мекларен Мерцедес“, во минатото првенство, меѓу конструкторите заврши на второто место, зад „Ред Бул“.
„Мекларен“ е вториот Ф1 тим кој го претстави болидот за новата сезона,
претходно тоа го стори „Кетерхем“.

Автор: Симе Недевски/ЖА/дпа/сид/мф

Редактор: Жана Ацеска


.