Снабдувањето со гас во Германија е безбедно | Економија | DW | 29.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Снабдувањето со гас во Германија е безбедно

Што се случува со снабдувањето со гас и неговата цена во Германија? Дискусијата за тоа е во тек, а причина е спорот меѓу рускиот концерн Газпром и Белорусија. Газпром бара повисока цена за неговите испораки и се заканува со запирање на испораките, Белорусија со спречување на транзитот на рускиот гас кон Западна Европа. Германските енергетски концерни тврдат дека тој спор не ја засега Германија.

Белорускиот гасовод

Белорускиот гасовод

Од страна на германските концерни за гас доаѓааат смирувачки зборови по повод заканата на Белорусија. Снабдувањето е сигурно, подвлекуваат германските концерни. Резервоарите се полни. Патем, Германија преку Белорусија добива само 7 ипол насто од вкупните потреби. Според тоа, запирањето на испораките од белорускиот гасовод може да трае и цела една година. Ова го истакнува и портпаролката на министерството за стопанство, Бетарикс Бродкоп:

„Германија е четврта според резревоарите и имаме доволно капацитети. Затоа сметаме дека Германија, како и во минатите години има добра и висока безбедност во снабдувањето„.

Меѓутоа, актуелниот спор меѓу Газпром и Белорусија ги засили настојувањата за промена на енергетската стратегија на Европа. Токму од тие причини, германската канцеларка Ангела Меркел веќе побара поголема самостојност во снабдувањето со енергија. Освен тоа, темата бара Европа во енергетската област да настапува со еден глас. Затоа, за време на германското претседателство со Европската унија во март ќе биде предложено усвојување заедничка енергетска стратегија.