1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смрт во запален воз во Индија

Во пожар во еден брз воз во Индија најмалку 26 лица го загубија животот. Пожарот бил предизвикан најверојатно од краток спој. Возот сообраќал од градот Бангалор, на југот на земјата кон Нандед.

Меѓу жртвите кои го загубија животот има и две деца. Локалните телевизии информираа дека покрај големиот број жртви во несреќата има и многу повредени, кои се пренесени во болница.

Пожарот избил во климатизиран вагон за спиење. Некои од патниците се обидоа да се спасат од пожарот скокајќи од возот. Пожарот беше изгаснат од пожарникарските екипи.

Министерот за железнички сообраќај на Индија Маликарјун Карге за новинската агенција АФП потврди дека во несреќата има 26 жртви. Причината за несреќата е најверојатно краток спој во уредот за клима.

Возот сообраќал од градот Бангалор, на југот на земјата кон Нандед. Машиновозачот застанал, откако го забележал пожарот во возот, соопшти еден полицаец за весникот „Хинду“.

Индискиот премиер Манмохан Синг преку Твитер изрази шокираност поради несреќата. Тој ги повика надлежните власти, во железницата и на државно ниво, на сите жртви да им ја пружат најдобрата можна момош. Владата воведе и специјална телефонска линија за семејствата на жртвите.