1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смртта на Березовски ја разбранува Русија

Ненадејната смрт на олигархот Борис Березовски во егзил во Велика Британија ја разбранува Русија. Милијардерот, кој наводно го донел Путин на власт, подоцна стана критичар на Кремљ.

Ако се читаат реакциите од Русија за ненадејната смрт на бизнисменот и критичар на Кремљ Борис Березовски се создава слика на финансиски руиниран, покајнички олигарх. „Ништо повеќе не посакувам, отколку да се вратам во Русија. Сменив многу мои гледишта“, рекол Борис Березовски во разговор со дописникот на рускoто издание на економскиот магазин „Форбс“. Разговорот се водел неколку часа пред Березовски да биде пронајден мртов и не бил наменет за објавување.

Березовски го молел Путин да му ги прости неговите грешки и сакал да се врати во Русија, изјави Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, во повеќе интервјуа за руските медиуми. Рачно напишаното писмо на Березовски стигнало до Путин во јануари 2013 година. За реакцијата на шефот на Кремљ Песков не наведе информации.

Wladimir Putin & Olympia Symbolbild ARCHIVBILD

Претседателот Путин

Березовски немал никакво влијание врз актуелната руска политика, смета портпаролот на Путин. Ова гледиште го споделува и опозицискиот политичар Борис Немцов. Киритичарот на Кремљ Березовски никогаш финансиски не ја поддржувал руската опозиција, изјави Немцов во разговор за Дојче веле. Според информации на други медиуми Березовски и помагал на опозицијата, меѓутоа докази за тоа нема.

„Березовски веќе десет години беше исклучен од руската политика“, појаснува московскиот социолог и поранешен член на Советот за човекови права Димитриј Орешкин за ДВ. Олхархот кој живееше во егзил во Русија беше претставен како „митски кнез на пеколот“. Некои политичари дури сметаа дека Березовски стои зад спорниот панк-бенд „Пуси Рајот“, што тој демантираше додека беше жив. Во декември 2012 година државната телевизија „Русија 1“ тврдеше дека Березовски издал налог за некои убиства, меѓу нив и за еден телевизиски водител и поранешен паралемнтарец. Истрагата се’ уште е во тек.

Веста за смртта на Березовски ја разбранува Русија. Многумина го сметаат за „лош гение“. „Какво неочекувано финале. Шокирана сум“, напиша новинарката на московската радиостаницата „Ехо“ Ксенија Ларина во нејзиниот блог. Таа лично не го познавала Березовски, но ја почувствувала неговата силна харизма во едно телефонско интервју.

Од човек кој ги влече конците во ерата на Јелцин до олигарх во егзил

Во 1990 Березовски играше важна улога во руската политика. Докторот по математика, по распадот на Советскиот сојуз прерасна во олиграх, моќен бизнисмен со врски со политиката. Своите милони меѓу другото ги заработи со трговија со возила: Березовски продаваше руска „Лада“ и германски „Мерцедес“ лимузини. Освен ова, бизнисменот контролираше некои банки, фирми за нафта, авиокомпанијата „Аерофлот“ и повеќе медиуми, меѓу другите и најгледаната руска телевизја ОРТ. Влијането на Березовски врз тогашниот руски претседател Борис Јелцин било огромно, велат сведоци.

Березовски бил тој, кој во 1999 година на болежливиот Јелцин му го предложил тогаш малку познатиот Владимир Путин за наследник во Кремљ, се вели во руските медиуми. Меѓутоа по изборната победа на Путин во 2000 година дошло до раскол меѓу двајцата. Березовски подоцна доби азил во Велика Британија и стана еден од најжестоките критичари на Кремљ. Во Русија беше осуден во отсуство на 13 години затвор поради економски криминал. Други судски процеси против него се’ уште се отворени.

Großbritannien Roman Abramowitsch Gericht

Горчлив судски пораз од Абрамович

Банкарската сметка на некогашниот милијардер во последните години станала „потенка“. Рускиот магазин „Форбес“ во 2011 година имотот на Березовски го процени на 0,7 милијарди долари. Во 2008 година имал двојно повеќе. Есента 2012 година Березовски претрпе за него горчлив пораз во спорот против еден друг руски олигарх Роман Абрамович. Еден суд во Лондон ја одби тужбата на Березовски против Абрамович поради наводна измама при купување акции на нафтена компанија. Березовски мораше да ги покрие судските трошоци во висина од 53,3 милиони американски долари.

Мистериозна смрт крај Лондон

Некогаш моќниот олигарх Березовски беше пронајден мртов во неговата куќа крај Лондон, изминатиот викенд (23.03.2013). Точната причина за смрта се’ уште не е утврдена, за што се чекаат резултатите од обдукцијата. Во неговата куќа полицијата не пронајде траги од радиоактивни или хемиски супатанци. Во случајот со Березовски се шпекулира и со самоубство или смрт од здравствени причини. По што опозициониот активист Сергеј Пахоменко во својот блог ќе напише: „Суицид не можам да си замислам“.