1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смртоносни истрели на победничкото славје

Во провинцијата Квебек во Канада ескалира спорот меѓу националните групи. На најновите избори во провинцијата триумфираа француските сепаратисти. Атентатор стрелаше врз победниците.

Тоа требаше да биде историска победничка прослава: Полин Мароа, веројатно идната премиерка на провинцијата Квебек, беше поздравена со аплауз од илјадниците приврзеници.

Но, говорот на Полин Мароа,чија сепаратистичка партија победи на провинциските избори, беше прекинат од обезбедувањето кое ја изнесе од салата. Тоа се случи откако вооружен маж уби едно лице и едно рани во салата Метрополис во Монтреал каде таа говореше.

Полициски претставник изјави дека човекот кој пукал бил на возраст од околу 50 години и е уапсен. Пред да биде уапсен, тој се обидел да подметне пожар близу до салата.

Сето тоа се случи во момент кога Мароа говореше за „иднината на Квебек како суверена држава“. Откако упаднал во салата, и пред да почне да пука, мажот извикал на француски: „Англичаните се будат“.

По кусиот прекин, лидерката на сепаратистите се врати на подиумот и продолжи со говорот.

Партијата на Мароа сака независност за Квебек од Канада. Претходни влади на таа партија организираа референдуми во провинцијата за отцепување од Канада во 1980. и 1995. година, но и во двата наврата без успех. Последните анкети укажуваат на само 28 отсто поддршка од жителите на Квебек за независност на провинцијата.

Од 2003. година во Квебек на власт беше либералот Жан Харест. Во провинцијата живеат осум милиони луѓе кои во најголем дел зборуваат француски. Ова е единствената од десет канадски провинции каде главен јазик не е англискиот. Квебек по површина е трипати поголем од Франција.