1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Смртоносен лов не терористи во Мадрид

Три осомничени лица за нападите на 11 март во Мадрид , активираа бомба , во моментот кога полицијата во шпанскиот главен град изведуваше акција за нивно апсење , при што се убија себеси но и еден агент на специјалните полициски сили.

Железничките станици во Мадрид-празни

Железничките станици во Мадрид-празни

Уште 11 полицајци беа повредени во овој крвав обид за справување со осомничените извршители на најстрашните терористички напади на европско тло.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија , Анхел Асебес , соопшти дека тројцата осомничени терористи се наоѓале на листата од шест лица за кои Шпанија распиша потерници на 31 март поврзувајќи ги со нападите врз возовите во Мадрид во кои загинаа 191 лице.

Полицијата во текот на вчерашниот ден внимателно ја започнала акцијата во работничкото предградие на Мадрид, Леганес , во обидот да ја опколи зградата во која се наоѓале осомничените . Операцијата се вжештила откако осомничените лица кои се наоѓале во еден стан на првиот кат ја забележале полицијата и веднаш започнале да пукаат врз неа, извикувајќи притоа разни нешта на арапски.

Соседите во зградата за светските агенции соопштија дека станувало збор за млади лица од мароканско потекло .

Во моментот кога полицијата ја започнала акцијата за освојување на станот била активирана бомбата која предизвикала силна експлозија , која целосно го разурнала предниот дел на петкатната зграда.

“Има три тела на осомничени терористи , кои најверојатно се самоубија “-изјави шпанскиот министер за одбрана Анхел Асебес додавајќи дека нивниот број не може да биде потврден поради состојбата во која се наоѓаат телата.

Асебес меѓутоа истакна дека постои можност меѓу загинатите да се наоѓаат и бомбашите директно одговорни за нападите врз железничката мрежа во мадрид на 11 март.

Инаку полицијата пред акцијата евекуираше шест блокови во околината на зградата во која се наоѓале осомничените терористи, па така е избегната поголема трагедија. Во текот на минатата ноќ поголемиот дел од станарите се вратиле во своите домови.

“ Ова е многу мирна населба , не постојат конфликтни ситуации. Но токму во вакви места , се обидуваат да се скријат овие луѓе ”- изјави еден жител на населбата Леганес.

Министерот за полиција, Асебес пак уште еднаш го впери прстот во т.н Мароканска Исламска Борбена Група , за која се верува дека одржува врски со глобалната терористичка мрежа Ал каеда , како главен осомничен виновник за бомбашките напади.

Тој претходно во денот соопшти дека експлозивот кој беше пронајден на железничката линија меѓу Мадрид и Севиља , во петокот навечер , содржел ист експлозив како и оној со кој беше извршен крвавиот терор на 11 март.

Инаку во изминатите три недели шпанската полиција уапси вкупно 24 лица , поради сомневање дека се поврзани со нападите на 11 март , а за 14 од нив судовите им одредија мерка притвор .

Поврзана содржина