1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смртната казна-наскоро историја?

Во многу земји од светот смртната казна е се` уште застапена, пракса која Обединетите нации ја оценија како недозволлива, но движењето за укинување на оваа тешка казнена мерка последниве години зема се` поголем замав.

default

И покрај оценката на Генералното собрание на Обединетите нации од 1966 година, смртната казна и натаму се спроведува во земји како Кина, САД, Саудиска Арабија и Иран. Од друга страна, меѓународното движење за укинување на смртната казна забележува бавен, но постојан напредок. Според генералниот извештајот на „Амнести интернешенал“ за 2009 година, се` повеќе држави со закон ја укинуваат смртната казна. Во моментов, бројката изнесува 95. Во девет земји смртната казна е предвидена само во случај на војна, а во оние 35 во кои смртната казна е се` уште дозволена, ваков вид пресуда не е донесена повеќе од десет години. Историски пресврт во однос на ова правно прашање имаше на евроазискиот континент. Имено, од крајот на Втората светска војна до лани, не само во Европската унија и околните земји, туку и на територијата на поранешниот Советски Сојуз, врз ниту едно лице не е изречена пресуда со смртна казна.

Todesstrafe Amnesty

„Амнести интернешенал“ регистрирала преку 600 погубувања на Блискиот Исток и во Азија

Со Пактот за граѓански и политички права на Обединетите нации од 1966 година, сите земји-членки се обврзаа да ја укинат смртната казна или да ја изрекуваат само при исклучително тешки прекршоци. Сепак, во државите не настанаа големи промени во однос на оваа мерка по склучувањето на Пактот, вели Марио Морацити, претставник на италијанското религиозно здружение „Санкт Еџидио“, кое со години се залага во борбата против смртната казна: „До почетокот на седумдесетите години, само 23 држави постапија според начелата на Пактот.“

Но, од 1980 година наваму, меѓу државите-членки на ООН има сосема спротивен тренд: вкупно 193 држави ја укинаа смртната казна: „Во последните триесет години настанаа доста драматични промени. Европа е првиот континент кој во целост ја отстрани смртната казна.“

Во 1998 година, беше отфрлена предлог-резолуцијата на Европската унија за укинување на смртната казна во целиот свет, што беше последица на противењето на Кина и САД, но и на некои поранешни европски колонии во Африка и Азија. Сепак, во 2007 година, Генералното собрание на ООН донесе резолуција за одложување на извршувањето на смртната казна, т.н. „мораториум“, што беше прв чекор кон нејзино целосно укинување. Во меѓувреме, голем број од поранешните колонијални држави го променија ставот: лани, од 57 африкански држави, само во Судан и Боцвана беше извршено погубување. Од друга страна, во САД, каде бројот на изречени смртни казни падна на 106 во однос на рекордната бројка од 328 во 1994 година, лицата можат да бидат погубени единствено од страна на државата.

Iran 10 Okt Der Welttag gegen Todesstrafe

Протестите против смртната казна се` почести

Ситуацијата и натаму е најтешка во Азија и на Блискиот Исток, каде „Амнести интернешенал“ регистрирала преку 600 погубувања; од нив, 388 се во Иран, 120 во Ирак, а 69 во Саудиска Арабија. Во Кина, пак, владата не обелоденува никакви информации за оваа пракса, но се верува дека годишно во земјата се извршуваат преку две илјади погубувања. Спротивно на тоа, во Саудиска Арабија и Иран, погубувањата се изведуваат јавно со цел да се заплаши опозицијата и сите оние кои моментниот политички режим ги смета како опасност за безбедноста на државата. Овие две земји во 2009 година беа единствените кои изрекоа смртни казни и на малолетни лица, што е потполно прекршување на меѓународното право.

Автор: Андреас Цумах / Далибор Стајиќ

Редактор: Жана Ацеска