1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смогот му го зема здивот на Пекинг

Над кинескиот главен град Пекинг лежи густ смог. Загаденоста во воздухот се искачи на опасни по живот вредности. Властите препорачаа да се одбегнува престој на отворено.

Загадувањето на воздухот во Пекинг денеска достигна опасно високи нивоа, па затоа автопатиштата што водат од кнескиот главен град кон Шангај и Харбин беа затворени.

Концентрацијата на штетни микрочестички во воздухот изнесува 671 мигрогами што за 26 пати ја надмина вредност што Светската здравствена организација ја одреди како безбедна за здравјето на луѓето.

И покрај висoката загаденост на воздухот локалните власти во Пекинг прогласија само „жолто ниво“, вториот најнизок степен на четиристепениот систем за рано предупредување за екстремни метеоролошки појави.

Видливоста во некои делови на Пекинг е под 500 метри. Сите облакодери во бизнис центарот на кинеската престолнина „исчезнаа“ од видното поле.

Според прогнозите, смогот ќе се задржи до утре изутрина.

Високотo загадување на воздухот во Пекинг е точно една година по мега-смогот во јануари 2013, кога беа измерени рекордни вредности од повеќе од 800 микрограми опасни честички.