1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Смислата на зимскиот преоден рок

Зимскиот преоден рок за фудбалерите е завршен. Тој во меѓувреме стана вистински натпревар за дополнително засилување. Германија во споредба со меѓународната фудбалска сцена е штедлива.

Бундеслигата во рамките на овој преоден рок за нови играчи издвои 30 милиони евра. Тоа е помалку од минатогодишните давачки и во споредба со меѓународната фудбалска сцена германската лига е доста штедлива. Премиер лигата на пример за нови играчи издвои 100 милиони евра, италијанската „Серија А“ околу 70, а француската „Лига 1“ 59 милиони евра. Таму е забележен најскапиот трансфер во зимава. 20-годишниот бразилски репрезентативец Лукас за 40 милиони евра го напушти Сао Паоло и премина во Париз Сент Жермен. Парижаните, зад кои стои катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, неколку дена пред крајот на зимскиот преоден рок ги засили англиската ѕвезда Дејвид Бекам чиј договор трае до летото.

Polen Fußball UEFA Euro 2012 Italien Mario Balotelli

Марио Балотели

Контровезниот италијански фудбалер Марио Балотели за повеќе од 20 милиони евра го напушти Манчестер Сити и премина во Милан. Холанѓанецот Весли Шнајдер сега игра во дресот на Галатасарај, а Дидие Дрогба се врати од Шангај во Галатасарај. Во Бундеслигата, поточно во Борусија (Дортмунд) од Реал Мадрид се врати Нури Шахин (на сликата горе). Иван Перишиќ во овој преоден рок го направи најскапиот трансфер во Бундеслигата. Тој за 7,5 милиони евра од Борусија Дортмун премина да игра во дресот на Волфсбург .

Платини: „Зимскиот преоден рок не беше фер“

Трансферите среде сезоната не се никаква новост во фудбалскиот свет. Матијас Замер во зимскиот преоден рок (1992/93) од Италија дојде во Дортмунд. Франк Рост од Шалке отиде во Хамбург (2006/07), а само една година подоцна Месут Озил од Шалке отиде во Бремен.
Во меѓувреме зимските трансфери станаа многу исплатливи. Не е добро кога еден играч менува клуб во една лига или кога екипата го менува составот така што вториот дел на првенството го игра со сосема други играчи отколку на почетокот на сезоната.
Токму тоа му е трн в око на претседателот на УЕФА Мишел Платини: „Мислам дека многу тренери не се задоволни со тоа бидејќи не знаат дали ќе ја завршат сезоната со екипата со која го започнале првенството. Мислам дека е неприфатливо ако еден играч во првиот дел игра за тим А против тим Б, а во другиот дел за тимот Б против тимот А.“

Fußball Ivan Perisic VfL Wolfsburg Wechsel

Иван Перишиќ


Поддршка на Платини му дава и тренерската икона Арсен Венгер. Тренерот на Арсенал од Лондон вели оти би било пожелно во потполност да се укине зимскиот преоден рок или пак транферите да се ограничат на само 2 играчи.

Изнајмување играчи

Бундеслигата во зимската трговија влезе претпазливо- повеќе играчи се позајмени. Нури Шахин и Мичел Бастос се позајмени за потребите на клубовите во Бундеслигата. Некои клубови се договорија и за можноста за купување на позајмените играчи. Значи, пред паричната инвестиција најпрво да проверат дали тие се вклопуваат во екипата.

Во Бундеслигата дојдоа 38 нови играчи. Две третини од нив се изнајмени. Три клуба: Бајерн Минхен, Хамбургер и Фрајбург за нови играчи во зимскиот преоден рок не издвоија ништо. Најактивни беа клубовите на кои им се заканува испаѓање во втората лига. Така Хофенхајм, за 6 играчи издвои 10 милиони евра и со тоа даде најмногу пари во Бундеслигата. Двата новодојдени клуба во Бундеслигата, Фортуна Диселдорф и Гројтер Фирт, купија многу нови играчи. Меѓутоа, за нив издвоија само по милион евра.