1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Смирување на страстите?

Инциденти нема повеќе од 30 часови. Поднесени се кривични пријави за двајца осомничени кои пукале кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети на неодамнешен јавен собир во тетовско село. Но, првоосомничениот е во бегство.

default

Тетово

По драматичниот апел на ЕУ дипломатите во Скопје, дека без мирни избори се ризикува европската иднина на Македонија, по третпат неделава со остро интонирано писмо се огласи и амбасадата на САД во Македонија, во кое се вели дека граѓаните не смеат да бидат застрашувани и дека партиите кои применуваат насилство не можат да бидат поддржани.

Премиерот Никола Груевски разговараше насамо со лидерот на ДПА и коалициски партнер, Мендух Тачи, а телефонски разговор имаше и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Груевски изјави дека институциите на системот ќе направат се‘ да ги сопрат или казнат оние кои што ќе ги злоупотребат изборите за да ги претворат во друг вид арена освен во политичка.

Опозицијата бара ВМРО ДПМНЕ да престане да се однесува „детски“ зашто „ситуацијата е крајно критична“.

DW.COM