1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сметката на САД и ЕУ не се оствари

Европарламентарците останаа цврсти до крај - со големо мнозинство гласови тие денеска го отфрлија т.н. СВИФТ-договор, и со тоа ја „пречкртаа сметката“ на европските влади и САД.

default

Договорот, кој инаку стапи во сила на 1 февруари, на САД им овозможуваше пристап до милиони банкарски податоци, со кои управува провајдерот СВИФТ во Белгија.

„Ова е голема победа за Парламентот. Мислам дека во иднина овде ќе бидат определувани парламентарните правила на игра и тоа е добро“, изјави денеска европарламентарецот социјалдемократ, Мартин Шулц, а неговиот колега од Европската народна партија, Меркус Фербер, оцени: „Сакаме да се бориме против тероризмот

Abgeordnete im Europaparlament in Straßburg

Одлуката е донесена со големо мнозинство гласови во ЕП

во Европа. Тоа сакаме да го правиме и во светски рамки и за тоа сакаме да соработуваме со Американците, но тоа не се постигнува со пристап до секоја банкарска трансакција во ЕУ.“

ЕП го сврте вниманието врз себе

Сега за натамошно проследување на банкарски податоци Европа и Америка мораат да преговараат наново. САД во предвечерјето на гласањето во ЕП се заканија дека доколку пратениците речат „НЕ“, ќе склучат вакви договори со одделни земји на ЕУ. Во ЕП, меѓутоа, нема загриженост поради ова. Европратеникот и поранешен белгиски премиер, Ги Ферхофстат е убеден:„Не верувам дека која било земја членка на ЕУ ќе се согласи со такво нешто. Тоа се преговори меѓу САД и ЕУ.“

Договорот сега е „на мраз“. Тоа според некого е добро, според некого лошо. Но, едно е јасно - Европскиот парламент со ова решение го сврте вниманието врз себе од оваа и онаа страна на Атлантикот.

Автор: Фабијан Хајнцл / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска