1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Смена на престолот во Белгија

По речиси 20 години, Белгија има нов крал: Алберт Втори официјално абдицираше, на престолот денеска (21.07) доаѓа неговиот син Филип.

Белгија денеска го доби новиот крал откако сегашниот монарх, Алберт Втори (79), абдицираше по 20 години владеење и тронот му го предаде на синот Филип. Алберт се откажа од своите права на главно церемонијален владетел со кралството, во присуство на премиерот Елио Ди Рупо кој ја има политичката власт во оваа парламентарна демократија стара 183 години.

По утринската церемонија во кралската палата, Филип (53) положи кралска заклетва пред пратениците во зградата на парламентот, што се наоѓа од другата страна на Кралскиот парк, во центарот на градот. Потоа кралот Филип и новата кралица Матилда од балконот на Кралската палата ги поздравија насобраните граѓани.

Алберт Втори својот план за абдикација го објави пред помалку од три недели, така што немаше доволно време да се организира голем меѓународен настан и на крунисувањето немаше кралски семејства од другите земји.

Bildergalerie Belgien Abdankung König Albert II Thronbesteigung Prinz Philippe

Матилда е новата ѕвезда на белгиската монархија

Филип во следниот период го очекуваат тешки задачи. Поделената нација во јуни 2014 година ја очекуваат избори, во екот на се‘ поинтензивните барања за поголема автономија на шестте милиони Фламанци кои зборуваат холандски јазик и на 4,5-те милиони Валонци кои зборуваат француски јазик. Затоа улогата на монархијата би можела да биде уште повеќе намалена.

По претходните избори во 2010 година, владата беше формирана дури по 541 дена заради несогласувањата околу тоа уште колку ингеренции треба да и‘ се одземат на централната власт во корист на посебните јазички групи.

За разлика од неговите петмина претходници, Алберт Втори се обидуваше да ја избегне политиката колку што тоа беше можно, а се очекува дека тоа ќе го прави и Филип. Новиот крал набљудувачите го оценуваат како понекогаш неснаодлив и срамежлив, но новата ѕвезда на белгиската монархија е неговата сопруга Матилда. Таа е психолог, ќерка на гроф, е посебно омилена кај народот поради својот начин на однесување кој се толкува како пријателски и срдечен.