1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смена на генерации на политичката бина во НР Кина

Кинескиот Народен конгрес ја одобри најголемата владина реконструкција во последните 15 години. На чело на државата застана Кси Џинпинг.

Кинеските комунисти ја спроведоа смената на генерации во партијата, државата и владата, која ја подготвуваа со години: 59 годишниот Кси Џинпинг, според очекувањата беше избран за нов претседател. Гласањето беше формално, бидејќи Кси уште минатата година беше именуван за претседател на Комунистичката партија и водач на силите за безбедност. Со ова тој сега ги презема сите три функции, кои ги извршуваше и неговиот претходник Ху Џинтао. За Кси гласаа 2.952 пратеници. Еден глас беше против, а тројца воздржани.

Националниот народен конгрес за вице-претседател го избра Ли Јуанчао, а нов шеф на парланментот е Жанг Деџианг. Утре (15.03) треба да биде избран и новиот шеф на владтаа Ли Кексианг.

Одлуките однапред се знаат

Делегатите во главно ги одобрија решенијата кои претходно ги подготви партиското раководство. Меѓу другото усвоен е и план за реконструкција на министерствата, кој беше презентиран само пред четири денови. Спроведувањето на спорната политика за едно дете пак ќе биде конотрлирано од министерството за здравство.

Новото партиско раководство на функција треба да остане десет години, иако мандатот официјално изнесува пет години.