1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Смее ли германски репрезентативец да одбира против кого ќе игра?

Деновиве во германската политичка јавност жестоки критики беа упатени на сметка на фудбалер на младата репрезентација,роден Иранец кој одби да настапува против Израел. Петер Филип коментира: Критиките не се оправдани.

default

Ашкан Дежага од Волфсбург поради лични причини го откажа настапот против Израел

Ашкан Дежага има германски и ирански пасош и игра за бундеслигашот Волфсбург и за германската репрезентација под 21 година. Тој имено деновиве изјави дека поради напнатите израелско-ирански односи неможе да настапува за репрезентацијата на мечот против Израел во Тел Авив овој петок. Тој притоа упати на неговото семејство , кое живее во Иран . Официјален Техеран имено им забрани на своите спортисти да учествуваат во натпревари против Израел . Иако селекторот на младата репрезентација Дитер Ајлтс и претседателот на Германската фудбалска репрезентација Тео Цванцигер најнапред го прифатија образложението на играчот , Цванцигер по жестоката критика од медиумите и политичарите се предомисли и најави натамошни разговори со фудбалерот порачувајќи: Еден германски репрезентативец не смее да откажува учество на натпревари поради своите политички погледи и ставови -порача Цванцигер.

Овој случај извонредно се вклопи во, во моментов, малку здодевната политичка ситуација во Германија а за булеварските весници тоа беше можност на широката публика многу ефикасно да и го пренесат своето вчудовидување: Германско-иранскиот фудбалер Ажкан Дежага изјави дека од лични политички причини не може да игра на планираниот натпревар во Израел.

Така не оди- веднаш едногласно се побунија политичарите од владејачките партии на Социјалдемократите и Демохристијаните :

Каде ќе води тоа , ако спротистите сами одлучуваат против кого ќе играат а противб кого нема да играат . Спортот не смее да се политизира . Кој не се чуствува како Германец или доселеник припадник на ова општество , тој мора да се откаже од дресот на националната репрезентација- гласеа нивните реакции. И Централниот Совет на Евреите во Германија се приклучи кон овие барања . Фудбалер на националната селекција не смее да иницира приватен бојкот кон Евреите . Минато е времето кога Германците ги бојкотираа Евреите-порачаа од Советот.

Тие би биле во право доколку овој млад човек изјавеше дека не го признава Израел и оти поради тоа не сака да игра во оваа земја. Но тој не го стори тоа , туку зборуваше само за лични причини и укажа дека тој не е само Германец туку и Иранец.

Оние кои толку жестоко го критикуваат покажуваат дека не само што не знаат во каков костец се наоѓаат доселениците , мигранти со германски пасош, туку очигледно малку или воопшто не сфатиле што значи интеграцијата .

Секако дека еден странец со германски пасош би требало да се обиде да стане навистина дел од германското општество , но тоа не може и автоматски да значи дека тој треба да се одрекне од своето минато , потекло и се што е поврзано со тоа.

Тој имено има врски со својата татковина , има роднини и пријатели а можеби и имот. Да се бара нешто друго од него е неправедно и погрешно и во поголемиот број случаи ова правило се почитува освен кога во игра влегува политиката . А во случајот Иран и Израел овојпат е повторно така . И не затоа што така сака младиот германско-ирански фудбалер , не . Одговорните за тоа седат во Техеран и Ерусалим и се грижат за горкото непријателство.