1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Смеат ли муслиманите да се шегуваат?

Во исламот не постои хумор, гласи широко распространетото мислење. Тоа не е точно, мисли напротив Младинскиот портал на Централниот совет на муслиманите во Германија, кој распиша конкурс за најдобар виц, смешно видео.

default

Аиман Мациек, иницијатор на конкурсот

Религијата е една од омилените теми на келнскиот кабаретист Јирген Бекер: „Значи, Мохамед бил сосема поинаков тип отколку Исус, тоа мора да се каже. Мохамед бил весел човек, го сакал животот, вкусни јадења, пријатени миризби, убави жени во големи количини, додека Исус ги избегнувал жените и многу повеќе се дружел со мажи, зошто, не знам...

Ова е дел од новата програма на келнскиот кабаретист Бекер: „Да, што мислевте Вие?“. Тој се шегува со сите монотеистички религии, па и со исламот. Еден е од малкуте кабаретисти, кои ја начнуваат и оваа тема, откако карикатурите на Мохамед предизвикаа остри дискусии, а во одделни земји дојде и до насилни судири. Причината поради која Бруно Јонас, еден од познатите претставници на политичкото кабаре во Германија, јавно изјави дека повеќе не ја допира оваа тема.

Конкурс за муслимански шеги

А сега доаѓа ова: да се биде муслиман и вицкаст, можно ли е тоа? Вака се прашува интернет младинскиот портал Вајмо на Централниот совет на муслиманите во Германија и повикува на натпревар во шеги за исламот. Во повикот стои: „Муслиманите не разбираат од шега, секогаш се сериозни и намуртени. Дали е тоа точно? Дали на еден муслиман воопшто му е дозволено да се смее или да се шегува на сметка на муслиманите?“

Зад акцијата стои Аиман Мациек, генерален секретар на Централниот совет на муслиманите . Дали е оваа акција воопшто добро одмерена со оглед на искуството со карикатурите?

„Не повикавме да се прават вицови за религијата, туку муслиманите да го докажат хуморот. Целта е луѓето да ја запознаат нивната традиција за хумор и да видат дека е можно да се биде добар муслиман и истовремено да се прават шеги.“

Рокот за пријавување е продолжен

Конкурсот меѓутоа не е оограничен само на муслиманите. Организаторите се задоволни: стигнуваат толку многу пријави, што рокот ја пријавување е пролонгиран до октомври. Најголемиот брпој учесници се млади и тие испраќаат видео материјали, карикатури кои подоцна ќе бидат објавени на интернет.

Религијата и хуморот имаат ист принцип

Кабаретистот Бекер ја поздравува идејата за конкурсот. Тој во темата религија не гледа никакви граници: „Не, зашто религијата и хуморот имаат ист принцип: обидот работите да се гледаат поинаку отколку што налага разумот. Значи, хуморот е една заповедена информација до мозокот: торта в лице, тоа е смешно, зашто таа не припаѓа таму. Правилно би било - торта во тањир на маса, но тоа е здодевно. На тоа никој не се смее. А религијата функционира на ист принцип: еден мртовец воскреснува, од водата станува вино, денеска тоа се вика шприцер, или една девица раѓа дете. Тоа се работи кои ги содржи и еден виц, поинакви отколку што е нормално, вели кабаретистот Јирген Бекер.

Во неговата актуелна програма „Да, што мислевте Вие?“, тој вели:„Мохамед во Коранот напишал: секој муслиман смее да има четири жени. Сега многумина се мислат: не знаев, тоа е интересно, тоа и за мене не е лошо.“

Отпори против идејата

Идејата за конкурс за хумористички прилози во муслиманските кругови не помина без противречења, признава Аиман Маѕизк од Централниот совет на муслиманите: „Сигурно, постоеше цела редица критики, според мотото- зошто тоа треба да го правиме токму сега, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат муслиманите, дека тоа е се‘ , само не хумористично. Ние одговоривме - токму затоа, нема треба сатирата и самоиронијата да ги направиме подносливи за луѓето.“

Господ сака хумор, па и пророкот Мохамед бил весел човек, потенцира Мациек. Тоа што токму за карикатирите на Мохамед дојде до протести, има друга причина: „Спорот со карикатурата на Мохамед се разгоре поради тоа што пророкот беше претставен како терорист, со една бомба. Тоа содржи расизам и воопштување, цела верска заедница се става во еден топ, се претставува како терористичка.“

Јирген Бекер знае дека кабаретистите кај темата религија се движат по тенок срт. Но, тоа не е причина таа да се избегнува, иако поради своите забелешки веќе имал проблеми, меѓу другото и со келнскиот кардинал Маиснер, кого го нарекол проповедник на омразата.

„Ситните души никогаш не смеат да бидат смерници на својата култура. Тука човек не смее да има обзири. Ако се ориентираш според чувствителните, тогаш не можеш да направиш воопшто ништо. Мора да се ризикува и да се провоцира , тоа треба да го истрпат и верските лица“, убеден е кабаратистот Бекер.