1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Смеат ли муслиманите да донираат органи?

Подготвеноста за дарување органи во многу земји е слаба. Причината за тоа се несигурност и етички задршки. Во исламските земји кон ова се надополнуваат и религиозни причини.

default

Дарувањето органи е чувствителна тема во исламските земји. Имено, за оваа модерна форма на медицината нема текстови во коранот. За неа може да има само актуелни ставови на исламските духовни водачи, т.н. фатви. А тие може да бидат сосема различни, во зависност од тоа дали фатвата ќе ја изрече поддржувач или критичар на дарувањето на органи.

Оние кои се против дарувањето органи се повикуваат на цитати од коранот и опстојуваат во прва линија на основниот религиозен принцип за целовитост на човековото тело. Исламологот Мохамед Гали од холандскиот универзитет Лајден ги објаснува аргументите на критичарите. „Тие сметаат дека телото треба да биде заштитено и по смртта. Вакви формулации се наоѓаат во коранот и во изјави на некои пророци. Затоа критичарите тврдат дека отстранувањето на делови од телото не е соодветно. Пред се’ кога некој е беспомошен - како по смртта.“

Кон ова се надополнува уште и прашањето, кој всушнот е „сопственик“ на човековото тело, за што се водат и дискусии. Во исламот се смета дека единствен владетел и заштитник е Алах. Од аспект на дарување на органи, критичарите вака аргументираат: „Не можеш да даруваш нешто, што не го поседуваш. Човекот не е сопственик на своето тело, туку неговиот создавач, значи Господ“, појаснува Гали.

Wochenrückblick KW 39 Symbolbild Organspende Flash-Galerie

Дарувањето органи е дозволено во исламските земји

Во коранот меѓутоа нема апсолутна забрана, што треба да се прави со мртвото тело, вели Саим Јепрем, професор за исламска теологија. Во исламот тоа би значело, ако за нешто нема апсолутна забрана, тогаш е дозволено. Многумина кои не го познаваат овој принцип се сомневаат во исправноста на дарување органи. Затоа луѓето треба да бидат правилно информирани, смета Јепрем. „Ако општеството развие свест, ако упатени теолози и академици ги информираат луѓето, тогаш ќе порасне бројот на дарители на органи.“

Впрочем дарувањето органи е дозволено во исламските земји и тоа се практикува. Притоа треба да се почитуваат законските рамки и да се исполнат некои услови, појаснува Јепрем. „Дарувањето органи не смее да има комерацијална корист, ниту да е против етичките правила и основните принципи на исламот.“

Основните религиозни правила во контекст на дарување органи ги утврдија учесниците на меѓународната конференција на исламските духовни лица во 2008 година, притоа на исто рамниште ги поставија смртта од инфаркт и мозочен удар. Освен тоа беше одлучено дека трансплантација на органи по смртта не претставува непочитување на мртвиот. На дарувањето на органи би требало да се гледа како на знак на сочувство со другиот. Исто така можно е дарување на органи од живи лица, под услов користа за примателот да биде поголема од можните штети за дарителот.

Автор: Б.Езај/ Б.Сезан/ А.Трајковска

Редактор: Ж.Ацеска